Home » , » Мајкл Џордан: “Секогаш би го драфтувал Коби пред ЛеБрон“

Мајкл Џордан: “Секогаш би го драфтувал Коби пред ЛеБрон“

Written By Anonymous on 14.2.13 | 22:25


По сите овие години, кога станува збор за НБА лигата, таа и натаму се врти околу Мајкл Џордан. А кога тој ќе каже нешто, кажаното има посебна тежина. Општо е познато дека бившиот ас на Чикаго не излегува премногу во јавност и не се занимава со компарации и споредби, но одлучи да каже нешто за Коби и ЛеБрон.

Имено, 6 - кратниот освојувач на титулата смета дека бекот на Лејкерси Коби Брајант е покорисен и подобар играч од ѕвездата на Мајами ЛеБрон Џејмс. Кога Ем Џеј би се нашол како ГМ на некој тим и би имал опција да одбере еден од нив двајца, би ја зел “Црната Мамба“.

“Кога би морал да бирам помеѓу овие двајца, признавам дека би бил тежок избор. Меѓутоа, бројките го прават своето, пет титули се повеќе од една. И секогаш кога ќе почнам да зборувам за ова, не можам да размислам на вистински начин. Не кажувам дека ЛеБрон нема да освои пет, но сега има една, и сега би го зел Коби“,

вели Џордан и додава:

“Јас не знам што ќе биде утре. За ЛеБрон има време. Но, работата е јасна: пет е повеќе од еден!“,

објаснува Ем Џеј. Иначе, не е тајна дека сегашниот сопственик на Шарлот Бобкетс е голем фан на Коби Брајант. И додека медиумите бараа нов наследник на Џордан, тој минатата сезона сам кажа дека единствен кој може да се споредува со него е Коби Брајант.

0 comments:

Post a Comment