Home » , » Дурант му се придружува на Меџик, и тој дава пари за ЛеБрон да се појави на натпреварот во забивање

Дурант му се придружува на Меџик, и тој дава пари за ЛеБрон да се појави на натпреварот во забивање

Written By Anonymous on 3.3.13 | 20:39


Неодамна Меџик Џонсон “мртов ладен“ изјави дека ќе даде еден милион долари за ЛеБрон Џејмс да се пријави на “слем данк контестот“ на следниот Ол Стар Викенд. Зборовите на Меџик наидеа на многу реакции на јавноста, а еден од оние кој се сложува со оваа идеја е и ѕвездата на Оклахома Сити Тандер, Кевин Дурант.

Идејата на бившиот плејмејкер на Лејкерси е на исто натпреварување очи в очи да се сретнат двајцата најдобри забивачи на НБА лигата - Блејк Грифин и ЛеБрон Џејмс. Ѕвездата на Мајами во текот на оваа сезона изјави дека никогаш нема да се пријави и натпреварува во тоа натпреварување.

Сепак, на последните неколку натпревари во текот на своите рутини пред натпреварите покажа дека и тоа како знае да забива. Со таа идеја на Меџик се сложи и Дурант кој е и сам спремен да вложи некоја пара во оваа акција за наговарање на ЛеБрон.


“Мислам дека нема ништо подобро за љубителите на НБА лигата од тоа ЛеБрон да се појави на тој натпревар. И јас сум спремен да дадам пари. Јас немам како Меџик милиони долари, но затоа ќе дадам 1.000 долари“,

вели Кевин Дурант. По тоа Меџик предложи да се основа фондација за да се соберат пари за ЛеБрон кога ќе ги добие тие пари да ги донира за хуманирани цели. Дали ова ќе го натера ЛеБрон да ја промени својата одлука и да се појави на тој натпревар, останува да видиме.

0 comments:

Post a Comment