Home » , » Арон Брукс отпуштен од Кингс, потпишува со Рокетс

Арон Брукс отпуштен од Кингс, потпишува со Рокетс

Written By Unknown on 5.3.13 | 21:36

Сакраменто Кингс го отпуштија Арон Брукс веднаш пред крајот на рокот за отпуштање на 1ви Март, а сега тој се согласува да потпише со тимот во кој ја играше најдобрата кошарка од својата кариера, Хјустон Рокетс.

Брукс не се вклопуваше во тимот на Сакраменто Кингс. На почетокот на сезоната тој беше плејмејкер број 1 во Кингс, но по една повреда тренерот Кит Смарт го извади од ротацијата и во последните неколку недели тешко добива минути на теренот. 

Играчот кој беше прогласен за најподобрен во 2010 година, токму со тимот на Хјустон Рокетс, сезонава за Кингс бележи по 8 поени и 2 асистенции во просек, нешто што стана тренд во последните 2 години од неговата кариера. Се работи за бројките на Брукс, кои значително опаѓаат од 2010 година, кога бележеше дури 19.6 поени и 5 асистенции по натпревар, па се до денеска. 

Одговорот што го очекувате - да, Брукс ќе биде валиден за плејофот, доколку Рокетс настапат таму оваа сезона. Хјустон моментално зависи од бековското дуо Харден - Лин, но доколку Брукс го приспособи својот талент, особено брзината и шутерската способност за тренерот МекХејл, тој лесно би се вклопил во Рокетс како клучен играч од клупата и би им дал свежина како што се ближи плејофот. 

0 comments:

Post a Comment