Home » , » Монти Вилијамс уште 4 години на клупата на Хорнетс

Монти Вилијамс уште 4 години на клупата на Хорнетс

Written By Dragan on 19.8.12 | 15:41

Тренерот на Њу Орлеанс Хорнетс Монти Вилијамс, во саботата се согласил да потпише нов 4 - годишен договор со Хорнетс, договор што ќе го задржи на клупата на Њу Орлеанс до 2016 година. Пред да го потпише овој договор, Вилијамс имаше уште 1 година од својот стар договор.

Генералниот менаџер на Хорнетс Мики Лумис, исто така е задоволен од новиот договор, а тоа и јавно го образложи, кажувајќи дека потпишувањето нов договор со Монти е голем приоритет за тимот.

„Сите, па и тој знае дека ни е многу потребен во овој период, кога тимот се преградува.“ - изјави Лумис, зборувајќи за Вилијамс.
„Монти Вилијамс ме импресионираше како тренер уште прв пат кога го потпишавме. Апсолутно сум задоволен што ќе продолжиме да работиме.“ 
Со потполно нови играчи, нов газда, млад талент и тим во преградување, Монти Вилијамс има шанси да работи со тим кој за неколку години може да прерасне во претендент за титулата.

0 comments:

Post a Comment