Home » , » Стадимаер ќе се фокусира на одбраната ... повторно

Стадимаер ќе се фокусира на одбраната ... повторно

Written By Dragan on 23.8.12 | 17:39

Минатата сезона под палката на Мајк Вудсон, кој беше тренер и асистент во дефанзивната координација, Никс беа добар дефанзивен тим. Тие беа 5. најдобар со 98.4 примени поени од 100 поседи на топка. Тие успеаја да се пласираат во плеј-офот поради нападот кој знае да експлодира и блесне и кој има две ѕвезди во него кои не знаат сеуште како да ги стопирааат, сомелат и понижат противниците на начин кој едни ѕвезди како нив би го сториле тоа.

Оваа сезона Амар'e Стадемаер сака да биде дел од сето тоа. Тој изјави за "New York Post" дека сака да биде дел од дефанзивниот идентитет на Никс.

„Одбраната е клучот кој е потребен да се освои НБА лигата. Моментално најмногу сум посветен да станам подобар дефанзивен играч. И верувам дека ќе успеам. Се е до подготовките и тренинзите, како и хемијата помеѓу мене и тоа што го приредувам на теренот.” - изјави Стадемаер.

Ова беа очекувани зборови од него, но ќе мора да почекаме да видиме дали навистина го мисли тоа.

Како и да е, тука е Тајсон Чендлер во одбраната, кој е човекот зад Амар'е и со тоа можеме да заклучиме дека оваа сезона тие ќе бидат добар одбранбен тим. Вудсон ќе форсира паметна игра околу периметарот која комбинирано со атлетисизмот ќе биде запрепастувачка. Нивната цврста одбрана ќе остане нивен адут.

Финишот на Њу Јорк Никс зависи од Кармело Ентони и Амар'е Стадемаер, кои треба да си ја покажат умешноста во нападот, но истото зависи и од Рејмонд Фелтон кој ќе учествува во креирањето на сето тоа. Минатата сезона повредите и промените на тренерската позиција си го направи своето и таа сезона е позади нив.

Но оваа сезона целиот тим е на располагање и време е да видиме дали експериментот ќе се оствари и колку добро ќе го реализираат тоа. Многумина не очекуваат дека нешто ќе се промени, но овој дел од годината е наречен сезона на надежта во НБА. Редот е на Њу Јорк Никс да покажат и докажат дека не сме во право.

0 comments:

Post a Comment