Home » , » Ниту Ален ниту Вејд не се 100 проценти спремни

Ниту Ален ниту Вејд не се 100 проценти спремни

Written By Unknown on 30.9.12 | 20:01

За секој тим со шампионски амбиции реченицата “ако се здрави” е составен дел од успехот и реализацијата на целите на тимот. Вејд (колено) и Ален (зглоб) сеуште не се 100 % спремни за почетокот на сезоната според Ерик Споелстра. 

“Вејд сеуште не е 100 % спремен, затоа ќе бидеме внимателни во врска со неговото враќање на теренот. Се надеваме ќе биде спремен за почетокот на сезоната. Што се однесува до Ален, тој во тимот е само 3 недели и тој не е целосно спремен, но не е ништо страшно.” - изјави Ерик Споелстра.

Она што е важно за Хит е и Вејд и Ален да бидат спремни за финишот на сезоната и пост-сезоната, а не пак за почетокот на тренинг - кампот или почетокот на сезоната. Затоа не треба да избрзуваат со нивното враќање на теренот.

0 comments:

Post a Comment