Home » , » Њу Јорк Никс: 2012/13 сезона

Њу Јорк Никс: 2012/13 сезона

Written By Dragan on 21.9.12 | 14:37

Минатата сезона, Њу Јорк беше тим во затишје. Го победија Бостон во првиот натпревар од сезоната и наликуваа на вистинска претендерска сила на истокот. Но, потоа тркалата се откачија, Ентони и Стадемаер се повредија и тимот беше уништен под палката на Мајк ДиАнтони. Некаде на средината на сезоната од Њу Јорк се чу глас на одмазда во ноќта. Тоа беше човекот кој стана познат како Линсенити, недрафтуваниот американец со кинеско потекло, Џереми Лин. Лин правеше сензации ... уфрли 38 поени врз Лејкерс и дружината и поставуваше рекорди за стартер на помалку од 10 натпревари. 

Амаре Стадемаер имаше сезона за заборав, бидејќи многу често и отсуствуваше од терените поради причини како смртта на неговиот брат. Тој се врати кога Лин - сензацијата беше во тек и низ Њу Јорк цутеа цвеќиња во среде зима. Потоа се врати и Кармело ... и не беше повторно се исто за Никс. Офанзивата повторно опадна, хемијата помеѓу Чендлер, Стадемаер и Ентони беше ужасна и тимот мораше некако да реагира. Отпуштен беше тренерот Мајк ДиАнтони, а на негово место дојде Мајк Вудсон. Џереми Лин се повредува, Линсенити завршува, Амаре Стадемаер повторно се повредува, но почнува Мело - драмата. Кармело Ентони уништуваше се пред себе во последните 2-3 недели од регуларната сезона.
Почна плеј-офот, тимот повторно се "закрпи" за почетокот на крајниот епилог на сезоната, но повторно тоа беа оние стари, лоши Њу Јорк Никс. Мајами ги уништи и Мело и компанијата мораше да се задоволат со само една победа во првата рунда од плеј-офот.

Ова лето, работите во Њу Јорк се многу променети. Тие можеа да го потпишат Џереми Лин на уште некоја година, но сепак управата на Никси не сакаше пари од реклами, туку сакаше тимска игра и повеќе истакнати имиња во тимот. Значи, Џереми Лин го нема повеќе во Никс, а со него ги нема и Џош Харелсон, Берон Дејвис и Мајк Биби. Џеред Џефрис, Реналдо Балкмен, Бил Вокер и секоја Вилијамс на ростерот на Никси се избришани, а секако ги нема и Тони Даглас и Лендри Филдс.

Џ.Р. Смит покрај многуте шпекулации за неговата иднина останува во Њу Јорк, заедно со Стив Новак. Џејсон Кид, Маркус Кемби, Курт Томас и Пабло Приџиони се ветераните во составот на Никс, а Рони Бруер и Рејмонд Фелтон исто така влегуваат во ротацијата на Мајк Вудсон.


3 клучни работи за Никс во наредната 2012/13 сезона:

1) Изолацијата на Мело да проработа.
Сите знаеме дека во кошарката се победува со тимска работа, со хемија и со задоволување на играчите. Непотпишувањето на Лин, доведувањето на Вудсон за главен тренер, донесување на поранешни соиграчи на Мело во Денвер, говорат за фактот дека Никси му пружаат на Кармело Ентони се што тој сака. Амаре Стадемаер ќе ги добива своите посакувани топки и ќе оперира во нискиот пост, Тајсон Чендлер сеуште ќе остане најефикасниот висок играч на ростерот, но офанзивата ќе оди низ рацете на Кармело Ентони. Тоа е всушност тоа што Мело го сака.

Ќе се запрашате зошто Мело толку го посакуваше Мајк Вудсон ? Вудсон е тип на тренер што Мело го сака. Назад во деновите на Мајк Вудсон во Атланта, можевте да забележите како тој играше изолација на многу различни играчи, но особено на Џо Џонсон. Зошто ? - Затоа што Џонсон беше главната офанзивна опција на Хокс во тоа време. 

Тоа е начинот на кон Никси ќе настапат наредната сезона. Иако базирано на статистики и совети од искусни тренери и легенди, неможете да освоите титула со играње изолација на еден играч, но Никси ќе треба барем да пробаат. Тие ќе мора да му овозможат на Мело комфорција во Њу Јорк, бидејќи на крајот на краевите, тој го полни Медисок Сквер Гарден.

2) Ентони и Стадемаер мора да најдат начин да опстојуваат на теренот. Кошаркарски.
Мело нема да биде користен 99 % на натпреварите и секако дека ќе има други играчи во ротацијата на Мајк Вудсон. Еден од тие други играчи треба да биде Амаре Стадемаер. Популарниот "STAT" се соочи со многу повреди, проблеми и катастрофална 2011/12 сезона, а медиумите веднаш го ставија во група на играчи што се преценети (нешто како Карлос Бузер). Навистина не гледам причина зошто Стадемаер не би се вратил во својата препознатлива форма и би одиграл на ниво како што играше со Стив Неш во Феникс и во својата прва сезона во Њу Јорк Никс. 

Но, проблемот е што Амаре и Мело не се едноставно силно дуо во лигата моментално, тие неможат да опстојат заедно на теренот. Овие двајца играчи минатата сезона одиграа 976 минути заедно на теренот за Никс и во статстиките за плус-минус ранкинзи, беа ранкирани со -2.4. Никси беа надигрувани од своите противници со двата најдобри офанзивни играчи на теренот. Сега, освен изолацијата на Кармело, Вудсон ќе треба да го врати препознатливиот pick-and-roll што го играа Фелтон и Стадемаер, пред Фелтон да биде пратен во Денвер со трејдот на Мело во Никс. Амаре работаше и со Хаким Олајжувон ова лето, па тоа ќе значи нешто плус во неговата пост - игра. 

3) Одбраната подобро да остане како лани.
Минатата година Никси беа навистина добар дефанзивен тим, иако многумина ги потценуваа во тој сегмент од играта. Со стилот на игра што ДиАнтони го прижауваше, Никси беа поофанзивно насочени. Сепак, во поглем дел од сезоната тие беа и одличен дефанзивен тим со Тајсон Чендлер на чело. Сега, кога Мајк Вудсон ќе настапи со своите полни дефанзивни стратегии, Никси треба само да се подобрат на одбрана. 


Предвидувања:
Рекорд: 55-27. Ова е рекорд што ќе им овозможи место во топ 4-те тима на истокот, а со еден од најдорите ростери на хартија и со доволно посветеност на тимската работа, ова треба да е изводлив рекорд. Во борба ќе бидат со Индијана, Бостон, Нетс и Сиксерс.

Стартна петорка:
PG: Рејмонд Фелтон
SG: Иман Шамперт/Рони Бруер
SF: Кармело Ентони
PF: Амаре Стадемаер
C: Тајсон Чендлер

МВП на тимот: Кармело Ентони

0 comments:

Post a Comment