Home » , » Значењето и улогата на Ентоан Џејмисон како 6-ти играч во походот на Лејкерси кон титулата

Значењето и улогата на Ентоан Џејмисон како 6-ти играч во походот на Лејкерси кон титулата

Written By Anonymous on 10.9.12 | 11:53


Факт е дека кариерата на Џејмисон доживеа целосен пресврт во моментот кога потпиша за Лејкерси. Се врати повторно во Калифорниа, онаму каде што ја почна своајта НБА кариета, во тимот на Голден Стејт, и тоа не во било кој тим туку во Лејкерси. Неговата улога ќе биде исто онаква каква што беше кога играше за Далас во 2003/2004 година (кога беше избран за најдобар 6-ти играч со просек од 14.8 поени и 6.3 скокови за поминати 29 минути на секој натпревар) , само што овој пат ќе има 36 години и нема да биде така продуктивен. Дури и кога Одом беше избран за најдобар 6-ти играч во лигата, Лејкерси имаа потпросечна клупа, а со неговото заминување клупата стана катастрофална, една од најлошите во лигата. Иако ни Бостон (29 место), Оклахома(16-то) и Мајами (27-мо) неможат да се пофалат со висок рејтинг на нивната клупа сепак тие имаат извонредни шутери во своите петорки, а Лејкерси го имаат само Коби.

Џејмисон не може да биде продуктивен како во минатото но сепак треба да има во просек по 10 поени и 5 скокови по натпревар што би било повеќе од одлично за Лејкерси. Минатата година најдобра резерва беше Барнс кој постигнуваше во просек по 7.2 поени по натпревар, па така да не е за изненадување што челниците на тимот не се задоволни и од него, и оваа година тој 6-ти играч од клупата ќе биде Џејмисон, секако во зависност од потребите на паркетот. Иако за време на целата своја кариера е сметан за исклучително слаб дефанзивен играч, сепак земајќи предвид дека се очекува Лејкерси годинава да играа брза кошарка со доаѓањето на Стив Неш, Џејмисон кој е познат како солиден шутер како од пост така од дистанца може и тоа како да ги користи чистите отворени позиции кои ќе му ги овозможи Неш со своите пробиви и асистенции. Во одбраната ќе има многу проблеми во справувањето со играчи како Дурант, Џејмс. Кевин Лав и Блејк Грифин но вети дека ќе стори се што може да се подобри во одбраната и да не биде таа слаба алка во тимот.

“Ја разбирам својата улога во тимот и значењето кое го има одбраната за освојување на титулата. Секако дека сум се подобрил во дефанзивата, знам како да се поставам во подобра позиција, да бидем поцврст, посигурен и постабилен. Не сум мек како на почетокот на мојата кариера. Можам само едно да ветам, а тоа е дека ќе давам се од себе како во нападот така и во одбраната со цел да му помогнам на тиммот.”-изјави Џејмисон. 

Со специјалист за одбрана како Мајк Браун за очекување е Џејмисон а и целиот тим на Лејкерси како првата петорка така и клупата (која мора да се напомене дека беше солидна во одбраната минатата сезона и беше според статистиката високо рангирана) да се унапредат во дефанзивата. Џејмисон и Браун се знаат прилично добро со оглед на тоа дека Џејмисон беше дел до првата петорка на Браун кога тој беше тренер на Кливленд во времето на Леброн Џејмс (2009/2010), па затоа и Џејмисон изјави дека знае што може да очекува од Браун.

“Браун внимава на секој детал, секоја ситница и затоа е добар тренер. Сум имал преку 10 тренери во мојата кариера но немам сретнато ниту еден тренер кој толку многу внимание посветува на секоја ситница и секкој детал, кој на сите им изгледа беззначаен. Совршено го подготвува тимот за секој натпревар, секогаш е спремен за секоја ситуација, секое можно сценарио го предвидува и наоѓа решение. Шансата која ми се пружа тука, а тоа е да се освои титула, како и тоа што го имам Браун како тренер се причините поради кои одбив побогати понуди од другите тимови и дојдов мво Лејкерси за минимум плата која ми следува како ветеран.”-изјави Џејмисон.

Со оглед на тоа со каков ростер располагаат Езерџиите оваа сезона и тоа каква шанса за титула има Џејмисон.

0 comments:

Post a Comment