Џош Харелсон на Твитер социјалната мрежа изјави пред неколку недели дека е упатен кон Мајами. Сепак, тоа било само тренинг со екипата на Мајами Хит, за тие да видат дали ќе биде вреден за потпишување на договор. Џош Харелсон и официјално ќе влезе во тренинг-кампот со Мајами Хит, но ќе треба да се избори во ростерот за должината на неговиот договор.
Ростерот на Мајами Хит моментално е преполн, особено за шутери како Харелсон. Тој навистина ќе треба да се бори за место во ротацијата на Сполстра, а со тоа да се бори и за што поголем договор со Мајами.
Харелсон ја одигра својата прва сезона во Њу Јорк Никс, а од таму беше и амнестиран ова лето.
0 comments:
Post a Comment