Home » , » Дерик Роуз ќе пропушти цела сезона ?

Дерик Роуз ќе пропушти цела сезона ?

Written By Unknown on 10.10.12 | 19:41

Дерик Роуз е неверојатен натпреварувач. Моментално е повреден, но сака да игра кошарка како никогаш до сега ... сепак неможе. Д-Роуз би пробал да се врати на терените во Март и да одигра неколку веќе неважни натпревар, а со тоа само би можел да ја слоши ситуацијата. 

Додатен притисок за неговото враќање се сите оние епизоди од „Adidas“, насловени со „The Return“ или ако сакате серијал што го очекува враќањето на Дерик Роуз на терените.

Но, Чикаго Булс и Дерик Роуз се трпеливи. Тоа е добра работа.

Роуз зборуваше за неговото враќање во интервју со „ESPN“ и самиот Роуз рече дека не се брза. Сака тоа да биде бавен, но паметен процес на враќање.

“Кога ќе дојде време, сакам да им покажам на луѓето дека сум спремен да игра. Но, кој знае кога ќе дојде тоа време ? Ако е цела година, ќе чекам цела година. Ако е до Ол-Стар паузата, ќе чекам до тогаш ... ништо не ми пречи чекањето моментално.“ - изјави Роуз за „ESPN“.

Роуз може да се врати и во текот на следнава сезона, но да оставиме на докторите да прогнозираат и одлучат. Ова е одлука не само за оваа година, туку за следните 5 години. Па може и понатака. 

0 comments:

Post a Comment