Home » , » Кирк Хајнрих се враќа во Чикаго со наполнети батерии

Кирк Хајнрих се враќа во Чикаго со наполнети батерии

Written By Anonymous on 16.10.12 | 15:20


Тука беше тој, исто како во старите добри времиња.

Но ова не се старите времиња, како и да е. Хајнрих никогаш нема играно за Том Тибедо, а и приближно половина од соиграчите се нови за него.

“Тука сум за да го раздвижам тимот.“  - Хајнрих изјави на претсезонскиот натпревар со Кливленд.

“Имаме многу момци кои можат да сторат толку различни работи, што досега на кампот јас само се трудам да се вклопам во тимот што е можно побрзо. Не размислувам толку многу за понатака, работите полека доаѓаат на свое место. Созреав многу и се подобрив во доста аспекти од мојата игра. Имајќи в предвид дека бев повреден последните неколку сезони, моментално се трудам да направам колку можам за да останам здрав.“ - додаде Хајнрих.

Сега, во секој случај тој е горд и задоволен со самото тоа што е назад во тимот кој не само што ќе победува на повеќето натпревари, туку и со тоа што тој му е навистина потребен на својот тим.

“Само да се биде дел од вака добар тим е голема работа за мене. Ќе одиме чекор по чекор, ден по ден, се во свое време. Имаме момци кои се спремни и желни за натпреварување секој ден.“

Ќе биде тешко да се надигруваат без нивниот суперстар, но со потпишувањето на Хајнрих, Булс се надеваат дека ќе го симнат товарот од грбот на Дерик Роуз, бидејќи сепак Хајнрих е играч кој беше обожуван од публиката во Чикаго. Тој можеби не е истиот играч од пред пет години, но сигурно ќе им помогне на Булс да победуваат почесто. Тоа, засега е доволно добро.

0 comments:

Post a Comment