Home » , » Орландо Меџик го ангажираат Жак Воун за тренер

Орландо Меџик го ангажираат Жак Воун за тренер

Written By Dragan on 29.7.12 | 17:46

Организацијата на тимот од Флорида, Орландо Меџик потпиша договор со Жак Воун кој ќе биде нивниот нов тренер.

Прес - конференција за официјален извештај ќе биде одржана во понеделник.

Воун ги помина последните две сезони како помошник тренер во Сан Антонио Спарс и сега ќе го завземе местото на Стен Ван Ганди.

Жак Воун ја имаше истата должност каква што имаа трите помошни тренери во тимот, Мајк Буденхолцер, Дон Њуман и Брет Браун, но тој седеше позади клупата поради НБА правилата кои дозволуваат само 3 помошни тренери на клупата за време на натпреварите.

Генералниот менаџер на Роб Хениган и Воун се познаваат доста добро меѓусебно од деновите кога тие беа во Сан Антонио Спарс.

0 comments:

Post a Comment