Во една интересна во која се вклучуваат разговори и изјави дека тимот на САД за ОИ во Лондон 2012 може да го победи Дрим тимот од 92', се вклучи и легендата на ЛА Лејкерс Меџик Џонсон.
Меџик даде интересен одговор на прашањето кои играчи би можеле да влезат во тимот на САД за ОИ во Барселона од 1992.
„Мора да кажеме дека Коби дефинитивно би играл во нашиот тим.“ - изјави Џонсон. „Многу сме среќни и задоволни што можеме да го гледаме Коби како игра секоја ноќ тука во Лос Анџелес.“
„Исто како и Коби, мислам дека и ЛеБрон би влегол во Дрим тимот.“ - додаде Меџик. „Џејмс е најкомплетниот играч на денешницата, а тоа е токму што нас ни требаше.“
„Исто како и ЛеБрон, и Кевин Дурент би добил шанса за игра во Дрим тимот. Но сепак, имаме двајца играчи што дефинитвно би заиграле во Коби и ЛеБрон.“ - изјави Меџик Џонсон
0 comments:
Post a Comment