Home » , » Бостон потпиша со Џејсон Колинс

Бостон потпиша со Џејсон Колинс

Written By Anonymous on 23.7.12 | 15:11

Според најновите информации кои доаѓаат од НБА, Бостон потпишале со слободниот играч Џејсон Колинс, договор за минимумот за ветерани. 33-годнишниот Колинс минатата година настапи на 30 натпревари за тимот на Атланта Хокс, и иако не се смета за некој особено добар дефанзивец, за неговите години сепак е солиден играч од клупа. 


Иако ништо нема да придонесе во нападот на тимот сепак неговата позициона игра во одбрана и можноста да се носи со Хауард се причините зошто Бостон го доведоаво своите редови. 

Колинс ќе игра на позиција центар, а со заминувањето на Грег Стиемса во Минесота, Бостон ќе има солидна ротација, и нема да мора да го игра Гарнет на позиција 5, а и ќе има играч кој колку толку ќе му парира на Двајт Хауард доколку се сретнат некако со него во плеј-офот.

Клупата на Селтикс оваа година доживеаа драстично подобрување. И покрај заминувањето на Реј Ален тука се Џејсон Тери, Брандон Бас, Џеф Грин како и Џаред Салингер, а сега и Џејсон Колинс.

0 comments:

Post a Comment