Home » , » ЛеБрон Џејмс: “Уживам поради тоа што го ставив Тери на постер“

ЛеБрон Џејмс: “Уживам поради тоа што го ставив Тери на постер“

Written By Anonymous on 20.3.13 | 22:13


Тимот на Бостон Селтикс не успеа да ја повтори историјата и 18. март да му го направи кобен на Мајами и да ја прекине серијата од 22 победи во низа. Мајами славеше над Селтикси со резултат од 105-103, а на тој меч видовме едно од најдобрите забивања во сезонава, по што ЛеБрон го стави на постер Џејсон Тери.

Иако забивањето е практично перфектно, тоа можда по себе не би било толку доколку овие двајца играчи немаат одредена историја. Но, ја имаат. Најпрво, Тери со Далас го победи Мајами во финалето од 2011. година. А потоа, популарниот Џет беше меѓу најгласните кои тврдеа дека низата на Мајами е практично, запирлива.

Токму тоа ривалство помеѓу овие играчи веројатно доведе до тоа ЛеБрон Џејмс посебно да ужива во ова забивање преку Тери. Барем, така сам вели.

“Имав можност на видео снимка да го погледнам своето забивање. Сигурно е едно од најдобрите во кариерата. Фактот дека забив над Тери го прави тоа забивање да е уште поубаво. Сите знаеме дека тој човек има голема уста. Драго ми е што го спуштив малку на земја“,

гордо вели Џејмс. “Биф“-от помеѓу нив започна во 2011. година кога Тери изјави дека ЛеБрон нема да има никакви шанси да го зачува во НБА Финалето. Времето покажа дека беше во право по што Далас стигна до трофејот. И сега бекот на Бостон одлучи да му реплицира на ѕвездата на Мајами.

“Го прифаќам тоа. Ќе видиме дали ќе забива исто така за седум натпревари“,

порача Тери. Иначе не треба да се заборави дека после ова спектакуларно забивање на ЛеБрон, на интернет енциклопедијата “Wikipedia“ излезе информација дека Тери “починал“ токму поради ова забивање.

0 comments:

Post a Comment