Националниот тим во кошарка на САД веќе е во Барселона, каде што вечерва ќе одигра контролен меч против Аргентина, а во вторник ќе игра со Шпанија пред почетокот на олимпискиот турнир во Лондон.
Интересно е дека ѕвездите од НБА доаѓаат во каталонската престолнина на годишнината на друг тим од САД, т.н. "Дрим тим"-от, кој во целата своја историја нема дозволено пораз во официјален дуел, а на игрите во Барселона буквално го воодушевија светот со својата игра .
Тогаш во тимот беа имињата на Мајкл Џордан, Медџик Џонсон, Чарлс Баркли и уште еден куп великани од НБА, а оваа година многу луѓе го споредуваа тогашниот тим со овој, кој сега ќе се бори за олимписка слава.
Меѓу двата тима можат да бидат барани сличности, но најголемата е во тренерот. Сега селектор на САД е Мајк Крижевски - легендата во колеџ кошарката, кој го води тимот на Универзитетот Дјук. Во 1992-та година тој беше асистент тренер на "Дрим Тим"-от, но тој категорично одби да коментира.
"Сега сум фокусиран само на натпреварот со Аргентина", изјави Коуч Кеј.
"Ова се хипотетички работи кои сакам да ги разговарам кога сум на плажа со моето семејство. Дефинитивно не кога треба да го водам репрезентативците на САД."
"Аргентина е единствениот тим кој располага со моето внимание. Таа е една од најдобрите селекции ", објасни тој.
"Тие имаат две од најголемите меѓународни ѕвезди - Џинобили и Скола. Почнуваме од тоа дека треба да ги заштитиме. Ова ќе е добар тест за нас ".
0 comments:
Post a Comment