Home » , » Дон Нелсон официјално се пензионираше од својата тренерска кариера

Дон Нелсон официјално се пензионираше од својата тренерска кариера

Written By Dragan on 20.8.12 | 14:38

Дон Нелсон - НБА тренер со најмногу победи на сите времиња, вечерта во саботата официјално изјави дека се пензионира од неговата тренерска кариера.

Нелсон, кој следниот месец ќе биде овековечен во кошаркарската Хала на славните, изјави за
NBA.com дека дојде крајот на неговата 34-годишна тренерска кариера.

Минатата сезона се обиде да се врати на клупата на Минесота Тимберволвс, каде што беше кандидат за главен тренер, но сепак позицијата ја превзеде Рик Аделман.

Нелсон (72) беше тренер цели 30 сезони во периодот од 1976 до 2010, а кариерата ја заврши на клупата на Голден Стејт Вориорс. Тој ја заврши својата кариера со 1300 победи и беше еден од двата тренера кој ја има добиено титулата НБА тренер на годината 3 пати (’82, ’85, ’92).

Како негов најславен момент во неговата тренерска кариера, може да се посочи дуелот на Вориорс во првата рунда од плејофот во 2007 против Далас Маверикс, кои беа први во регуларниот дел од сезоната. Две години претходно тој им беше тренер на Далас Маверикс.

Неговата тренерска кариера може да се пофали со освојувањето на златниот медал на Светското првенство во 1994 година.

Како играч може да се пофали со 5 НБА титули, кои ги освои во тимот на Бостон Селтикс, каде што помина 11 од 15-те сезони во неговата НБА кариера како играч.

0 comments:

Post a Comment