Home » , » ЛеБрон Џејмс и дефинитивно сака да игра во Рио за 4 години

ЛеБрон Џејмс и дефинитивно сака да игра во Рио за 4 години

Written By Dragan on 20.8.12 | 14:48

Џејмс изјави дека сака да игра и на следните Олимписки игри во Рио Де Женеиро за репрезентацијата на САД.

„Сеуште немам разговарано со Џери Коланџело за моите намери, но сакам да бидам дел и од следната Олимпијата“ - вели Џејмс. „Но ако сум здрав, ја направив математиката и ќе имам 31 година, и ако ја имам шансата да бидам таму, ќе бидам. Обожавам да бидам дел од тимот што ја претставува државата. Незнам што ќе се случи за 4 години, но сакам да бидам таму уште еднаш, дефинитивно.“ - додаде Џејмс.

Од кога го освои златото, ЛеБрон кажа дека не се слушнал со членовите од Дрим тимот од 1992 година, кои дојдоа до идеа дека можат да го победат овогодинешниот Дрим тим.

Џејмс беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во Лондон, правејќи се што Мајк Кжижевски ќе побараше, а го предводеше и тимот до злато. Тој беше виртуелно несопирлив, како што беше и во финалето на НБА лигата со Мајами Хит.

Тој ги премолче критиките кои се сомневаа дека нема да освои титула, но Џејмс е сега на врвот, и планира да остане таму.

„Го сакам тоа чувтство повторно“ -  вели Џејмс за освојувањето на првата титула.

Џејмс оваа година освои неколку награди во НБА лигата: МВП награда во регуларниот дел од сезоната, МВП на Финалињата со Мајами Хит,  НБА титула и Златото на Олимпијадата, но сега се врати во Акрон каде што порасна и таму донира храна, програми, ментори и сите други потребни подршки за сите сиромашни деца.

0 comments:

Post a Comment