Home » , » Рубио се сомнева дека ќе заигра до крајот на 2012 година

Рубио се сомнева дека ќе заигра до крајот на 2012 година

Written By Anonymous on 30.9.12 | 10:30


ricky-rubio
На крајот на март одличниот шпански плејмејкер не игра во Минесота, отиде на рехабилитација односно на опреација на коленото на левата нога, после тешката повреда која ја заработи во натпреварот против ЛА Лејкерс.

До повредата Рубио имаше добри просеци, 10,6 поени, 8.2 асистенции, 4.2 скока и 2.2 украдени топки, а на 15 натпревари оствари и скор од +10 асистенции.

На почетокот се зборуваше, и во Минесота се надеваа, дека Рубио ќе биде спремен за почетокот на новата сезона, но во овој момент скоро е невозможно шпанскиот репрезентативец да се опорави толку брзо. Како што сам кажува се сомнева дека воопшто ќе заигра во текот на 2012 година.

“Знам сите се интересираат за моето враќање, но не размислувам за никаков датум, ниту за ова зборувам со лекарите и тимот кој се грижи за мене. Никаков притисок не сакам да им правам. Единствено е важно да се опоравам.“ - вели 21 годишниот Рубио и надополнува :

“Дали тоа ќе биде декември, јануари или февруари ќе видиме.“

“Убаво е повторно да се трча. Но страшно морам да пазам околу се бидејќи не можам да дозволам коленото да ми потече од одреден напор. Дозирам на секоја вежба, работам полека, се јачам и знам дека се ќе биде во ред. Но морам да повторам да не брзам, ниту се замарам со враќањето. Многу ми е жал што од стартот нема да бидам со своите соиграчи, но ќе дојде и тој ден.“

0 comments:

Post a Comment