Home » , » Можат ли Торонто Репторс до плејофот? Кајл Лоури вели - ДА!

Можат ли Торонто Репторс до плејофот? Кајл Лоури вели - ДА!

Written By Anonymous on 30.9.12 | 10:22


Каква штета за Торонто Репторс - се наоѓаат во дивизија со Селтикси, Никси, Нетси и Сиксерси. Четири загарантирани плејоф тимови. Ако ги ставиме во игра и Мајами Хит и Индијана Пејсерс и уште неколку тимови од другите сериозни дивизии, тогаш за Торонто останува оној трнлив и тежок пат до пост-сезоната оваа година.

Но, Кајл Лоури мисли поинаку!

По сугестијата дека Торонто Репторс можат да ги изненадат луѓето, Лоури, исто како и Калдерон и останатите играчи веруваат во плејоф авантурата на својот тим.

"Да се биде глава на змијата" - тој додаде, кога беше прашан на какви достигнувања се надева во Канада? -"Само да се биде таму горе.. Се започнува со плејмејкерот и се додека јас го правам она што се очекува од мене - брзи контри, пресинг, комуникацирање, гласност, агресивност, моите соиграчи ќе го чуваат мојот грб. Знам дека ако ме видат како работам напорно и тие ќе работат исто толку напорно за мене, во позадина."

Ставете го ова во категоријата "Што друго би можел да каже!?" Јас лично не би го ставил мојот облог на Репторси.

Да, Торонто ќе бидат доста напреднат тим. Подценете ги покрај таков распоред и тие ќе ве победат - знаат да одиграат одбрана и имаат играчи како Андреа Барњани кои знаат како да го наполнат противничкиот кош.

Но, за да стигнат до плејофот, Кајл Лоури и Хозе Калдерон ќе мора да имаат повеќе од успешни сезони, поточно ќе мораат да се надминат себеси, а Јонас Валанчиунас и Теренс Рос нема да смеат да играат како дебитанти. Истотака некој ќе мора да направи голем исчекор напред проследен со висок просек на поени, а и повредите ќе треба да изостанат.

Сумирано, добиваме голем број на слагалици кои треба да се поклопат во мозаикот на единствениот Канадски НБА тим за работите да тргнат на подобро. Торонто - среќно!

0 comments:

Post a Comment