Сеуште сме во период кога се споредуваат сите играчи, кога сите кажуваат свое мислење, кој е подобар...
Фановите го сакаат Бајнам во новиот тим. Исто така и соиграчите. Тренерите се возбудени што ќе работат со него, можат да го искористат во нападот.
Дурел Рајт излезе со добра изјава која ќе побуди споредбата помеѓу Бајнам и Двајт да стане се по објавувана во јавноста.
Рајт зборуваше со член на медиумот во Филаделфија, каде рече дека Бајнам е подобар од Хауард.
“Ќе треба два дефанзивци да го запрат, сакам да кажам дека тој е најдобриот центар моментално во НБА лигата.“ - започна Рајт. “Тој е човек кој може да дава поени и свртен со грб кон кошот, тој е човек кој дава слободни фрлања. Едноставно морате да го почитувате овој човек.“
“Нема шанса, тој е најдобар сега. Знаете дека ќе даде се од себе да даде поени и ќе бара да се игра пожестока одбрана. Во неговата комплетна игра верувам дека ќе остане здрав и ќе може да му помогне на својот тим, да го стави тимот на грб и да не однесе до каде што може.“
!–->!–->
0 comments:
Post a Comment