Home » , » Рондо вели дека Селтикси се едни од 5те кандидати за титулата

Рондо вели дека Селтикси се едни од 5те кандидати за титулата

Written By Anonymous on 27.9.12 | 13:35


Колку многу реални кандидати за титулата има во моментов ?

Ражон Рондо вели дека се 5 и кажа еден од нив. Еве што вели тој во интервјуто на „YahooSports“:

“Освоивме титула и тоа е одлично, но не сакам да погодувам.“ - започна Рондо. “Јас мислам дека многу НБА тимови се талентирани и има огромен талент околу мене. Сите сакаат да се борат и да ја освојат тиулата секоја година. Со талент околу мене и Селтикси, ние сме и тоа какви кандидати за титулата. Време е да ја оствариме целта.“

“Во моментов има 5 тимови за кој можам да речам дека имаат комплетни тимови и се комплетни конкуренти за титулата. И ние сме едни од нив.“

Кои се тие 5 ? Мајами и Оклахома сигурно. Лејкерси исто така влегуваат во тие 5, доведувајќи ги Стив Неш и Двајт Хауард. Селтикси се 4ти. Кој е број 5? Спарс или можеби Клиперс ? Кој може да биде кандидат на Истокот ? Пејсерс, Никси, можеби Сиксерс ... ?

Според многумина главни кандидати за титулата се само 3 тима. Лејкерс, Оклахома и Мајами. Селтикси се исто така добри, но сепак овие 3 тима се посупериорни во нивните споредби. На западот конкурираат Спарс и Клиперс, но и тие се во истиот “шешир“ со Селтикси.

Но, ќе видиме. Не чека долга сезона и сами ќе процениме дали овие теории се точни.

Рондо зборуваше и за други работи, покрај тоа што полека станува лидер, тој го собра тимот во Лос Анџелес. Џејсон Тери, Кортни Ли, Кевин Гарнет, Пол Пирс, Џеф Грин и останатите каде заедно тренираа, јадеа и играа заедно една недела. Навистина добро.

“Јас сакав Џејсон да игра со Гарнет. Го сакав и Кортни да го видам како игра со Пол. Сакав Пол и Џеф да се разработат помеѓу себе.“ - вели Рондо. “Сакав да играм со овие момци. Сакам да го поднаучам новиот тим, како оди се, само сакав да видам дали ќе биде добро.“

“Сакав да имаме забава. Кога сте со мене сакам да речете, “Човеку, поминав одлично време со Рондо“. И мислам дека и така направија.“

Сезоната ќе биде долга ... лани Селтикси покажаа дека уште можат, а за следнава сезона ќе видиме...

0 comments:

Post a Comment