Home » , » Можат ли Визардс (0-12) да го срушат НБА рекордот од 0-18 ?

Можат ли Визардс (0-12) да го срушат НБА рекордот од 0-18 ?

Written By Unknown on 28.11.12 | 22:13

Тоа е НБА рекордот за најмногу порази на почетокот на сезоната. Во 2009 Франк Лоренц од клупата ги предводеше Нетси кои сезоната ја започнаа со скор 0-18 (Франк беше отпуштен по 16 меча, на негово место дојде Кики Вандевич). Тоа беше само дел од историјата која Нетси се обидуваа да ја остават во минатото кога преминуваа од Њу Џерси во Бруклин. Тоа беше грдо и засрамувачко за Хит во 1988/89 и 1998/99 за Клиперс кои има старт од 0-17.

Вашингтон Визардси на стартот од сезоната имаат 0-12 и оваа серија мора да се прекине што поскоро да не доживеат најголемиот срам во нивната франшиза. Повредите многу влијаеа на оваа лоша серија на Визардс, бидејќи тие немаат решение во нападот (нив им недостасуваат Нене и Џон Вол). Кои се шансите за тие да изгубат шест натпревари или повеќе натпревари и го урнат рекордот ? Тие можеби ќе победат еднаш, но нема да биде лесно.

Најпрвин, да го погледнеме нивниот распоред. Наредните седум натпревари се: го пречекуваат Портланд, му гостуваат на Њујорк, ги пречекуваат Мајами, и гостуваат на Атланта, го пречекуваат Голден Стејт и им гостуваат на Хорнетс и Рокетс.

Најдобрата шанса за победа од овие мечеви е ноќеска против Портланд, подоцна против Голден Стејт и против Њу Орлеанс. Но Начинот на игра на Визардс нема да ги доведе до лесна победа - сега тимовите кои доаѓаат во Вашингтон мислат “ние не сакаме да бидеме првиот тим што ќе изгуби од Вашингтон“ - но тоа се тимови кои Вашингтон има капацитет да ги победи.

Онаа што му е потребно на Вашингтон е офанзива. Нене може да помогне да се реализира тоа - тој беше вратен со лимитирана минутажа и имаше +31 во нив, но уште е тука повредата која го мачи последната сезона и од Олимписките игри сеуште е тука затоа тој мораше да излезе предвреме во понеделникот кога игра против Спарси. Со Нене во првиот тим Визардси изгубија со еден поен разлика во продолжението против Атланта и два разлика против Шарлот - можеби доживeја два порази но можеа и да победат.

И тие мораа да играат очајнички. На нив им треба лидер кој ќе ги предводи. Немаше таков кога играа против Атланта и Шарлот. Визардс имаа и водство во првата четвртина против Спарс, но тука повторно недостасува лидер на кој што можат да се потпрат низ целиот натпревар, каде евентуално би победиле.

На Визардс им треба Тревор Ариза да има натпревари какви што играше пред да го доведат, им треба и Бредли Бил да си ја пронајде својата форма, им треба некој како Кевин Серафан или А.Џ.Пирс за да го подигне тимот со некоја своја извонредна партија. Одбраната на Визардс не е одлична оваа сезона, но сепак се блиску до средината во тој статистички податок. Нападот е тој кој е на исто ниво како што лани им беше на Шарлот. Тимот со седум победи во целата сезона. Да бидеме фер, тимот на Шарлот е послаб од одбраната и до нападот од овој тим на Вашингтон. Но тие победија на два од нивните први шест натпревари.

Ние очекуваме дека Вашингтон ќе го најде начинот да дојде до победа пред да го срушат рекордот - тие имаат доволно натпревари пред себе за да победат. Таа победа нема да биде одговорот на прашањето зошто помеѓу овој тим нема хемија, но тоа што постои да биде доволно да ги држи надвор од книгата на негативните рекорди.

0 comments:

Post a Comment