Home » , » Чонси Билапс се враќа на терените како стартер за Клиперс

Чонси Билапс се враќа на терените како стартер за Клиперс

Written By Unknown on 28.11.12 | 22:03

Многу играчи кои ја искинале ахиловата тетива на 36 години веќе се откажале од кошарката. Ќе посветат повеќе време на своето семејство и голф игралиштето. Но не и со Чонси Билапс. 

Популарниот "Mr.Big Shot" ја искина ахиловата тетива во Фебруари минатата сезона и од тогаш работеше напорно 10 месеци за да се врати на терените во дресот на ЛА Клиперс. 

Вечерва е ноќта за Билапс. Тој ќе се врати во редовите на ЛА Клиперс, како стартер вечерва на натпреварот против Минесота Тимберволвс.

Бипалпс одлично ќе се вклопи во овој тим на Клиперс, кои имаат проблеми со победување и држат серија од 5 последователни порази. Чонси не е истиот играч како што беше кога освојуваше титули и МВП признанија, но тој носи смиреност и ветеранско искуство во прилично младиот тим на Лос Анџелес Клиперс.

Ова значи и дополнителна главоболка за Вини Дел Негро. Тренерот на Клиперс ќе мора да вметне Билапс во ротацијата, но ќе мора да најде и солидни минути за Џамал Крофорд, Ерик Бледсоу, па и Вили Грин. 


0 comments:

Post a Comment