Home » , » Мемфис со 8 победи во низа ги предизвикува Нагетс, дуел меѓу жешките Спарс и Клиперс во Сан Антонио

Мемфис со 8 победи во низа ги предизвикува Нагетс, дуел меѓу жешките Спарс и Клиперс во Сан Антонио

Written By Unknown on 19.11.12 | 21:23

Понеделнички, отвараме уште една НБА ноќ со неколку интересни натпревари по полноќ.


Мемфис Гризлис 02:00 Денвер Нагетс
Доколку сезоната стартуваше како што сите реални фанови замислуваа, ова ќе требаше да биде битка за превласт некаде во средината на западната конференција. Сепак и двата тима започнаа во сосема различни правци. Мемфис Гризлис изненадувачки е на врвот на западната конференција, со рекорд од 8-1 и 8 последователни победи. Тие беа импресивни од секоја аспект на играта до сега и не гледаме факт зошто тие не би биле и во борба за титулата доколку продолжат да играат вака добро. Сезоната за Денвер пак, не тргна во посакуван правец. Тие имаат моментален рекорд од 4-6, 3 последователни порази позади себе и се на дното од западната конференција. Сепак, Андре Игуадала не е целосно вклопен во новиот систем на Џорџ Карл, но и останатите играчи не играат на очекуваните стандарди. Како и да е, реномето на тимовите во вакво дерби останува на високо ниво, па затоа очекува интересен натпревар. 


Сан Антонио Спарс 02:30 ЛА Клиперс 
Дуелот помеѓу 2 од најдобрите 3 тима на западот е помеѓу Клиперс и Спарс, дуел кој всушност ќе не потсети на втората рунда од изминатиов плејоф, каде што Спарси ги "исчистија" Клиперси. Како и да е, во моментов ЛА Клиперс играа во подобра и поредовна форма, бидејќи имаат 5 победи по ред и само една победа ги дели од изедначување на рекордот на Спарс за второто место на западот (8-2). Крис Пол игра во MVP форма, Блејк Грифин ги покажува своите напредувања од изминатово лето во својата игра, а Џамал Крофорд моментално е најдобриот шести човек во лигата. Доколку продолжат вака, Клиперси може лесно да направат уште еден исчекор кон влегување во шампионската елита во лигата. 
Освен оној пораз од Њу Јорк Никс, првиот пораз на Сан Антонио оваа сезона беше токму против овој тим на Клиперс, во Стејплс центарот. Тогаш проблемот за Спарси беа изгубените топки, што им направија многу проблеми во нападот. Вечерва не би требало да играат под таков притисок на домашен терен, а и самиот факт што веќе се игра 11. натпревар во сезоната кажува дека и воиграноста почнува да се качува на високо ниво. Спарси бараат одмазда за поразот порано во сезоната, додека ја имаат предноста од домашен терен. Да видиме дали Клиперс ќе ја продолжат победничката серија на 6 победи, или Спарси ќе им го нанесат третиот пораз оваа сезона.



Јута Џез 03.00 Хјустон Рокетс
Јута на гости запиша победа 83-76 иако фрлаа само 37%, но на среќа на другата страна беа Визардси кој се уште без победа. Ал Џеферсон ја предводеше Јута до победа со 21 поен и 14 скока. Сега по 4 натпревари на гости остварија половичен успех од 2 победи и денес се враќаат во својот дом каде играат многу подобри. На гости им доаѓаат Рокетси кој вчера загубија од Л.А Лејкерси со 119-108. Веќе по првата четвртина примија 40 поени и ова беше гласина дека нема да заврши добро. На крајот и поразот од -11 не изгледаше така лошо. Харден беше најдобар со 20 поени и 7 асистенции. Хјустон ќе мора да одигра многу подобро бидејќи Јута е многу тежок домаќин и ретко се заминува со кренати глави од Солт Лејк Сити.

Очекуваме победа на Јута бидејќи гостите немаат одговор за играта под кошот.




Останати натпревари :

Шарлот Бобкетс 01.00 Милвоки Бакс


Вашингтон Визардс 01.00 Индијана Пејсерс


Атланта Хокс 01.30 Орландо Меџик


Далас Маверикс 02.30 Голден Стејт Вориорс


0 comments:

Post a Comment