Home » , » Брендон Рој мора на нова опрерација на коленото

Брендон Рој мора на нова опрерација на коленото

Written By Anonymous on 19.11.12 | 21:32


Поранешниот играч на Блејзерс, а сегашниот играч на Волвс Брендон Рој, на жалост на сите негови фанови кој ги има навистина многу, мора да оди на нова операција на десното колено. На овој 28 - годишен бек оваа му е 7ма операција на коленото во животот, две имаше во средно школо, додека другите 5 ги претрпе додека играше на паркетите во НБА лигата.

Играта на Рој во претсезоната и почетокот на сезоната внесе надеж во Рој дака ќе се врати оној стариот каде што му е местото, меѓу најдобрите бек-шутери во лигата, но новата операција повторно го фрли во сенка. Треба да се напомене дека Рој во дресот на Волвси дури 3 пати го потече коленото, еднаш во претсезоната, еднаш на тренинг и еднаш во натпреварот со Индијана кога изгледа кобен со оглед на тоа дека не се врати во ротацијата на Аделман. Според најновите информации оваа операција не е многу сериозна и Рој би требало да се врати за неколку недели.

Челниците на Минесота не беа 100% сигурно при потпишувањето со него, иако тој беше неверојатен со оглед на тоа дека добија играчи кои би можеле да го носат тимот, играчи како Кевин Лав, Рики Рубио и Андреи Кириленко. Таква тројка на паркетот изгледа одлично. Ако Рој во случај да не се врати на паркетите, ќе ги добие своите загарантирани 5.4 милиони долари оваа сезона, додека другата сезона од договорот не му е загарантирана ако не игра.

“Без оглед на се, јас нема да бидам разочаран. Ако се ’се заврши за две недели, нека заврши, ќе биде готово. Јас сум потполно задоволен од се што постигнав бидејќи знам колку се жртвував и се трудев за да закрепнам. Ми требаше многу дисциплина и напорна работа за да се вратам, а тоа беше единственото важно.“ - вели Брендон Рој.

0 comments:

Post a Comment