
Никси беа убедливи против Детроит со 121-100, Спарси после две продолженија ги надиграа Репторси со 111-106, Бостон по продолежние славеше над Орландо со 116-110, Сиксерси го совладаа тимот на Феникс со 104-101, Денвер ги доби Хорнетси со 102-84, додека Бруклин ги победи Блејзерси со 98-85.
Вечерта беше облежана од неколку сјајни индивидуални партии, посебно се истакна Џру Холидеј со рекорд на кариерата 33 поени и 13 асистенции, Ражон Рондо повторно блескаше со 15 поени, 16 асистенции и 9 скока, додека Тони Паркер имаше 32 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Никси продолжија со славните партии, ја остварите 5тата победа по ред во Медисон Сквер Гарденот, а беа убедливи против Детроит со 121-100. Одличен беше Кармело Ентони со 29 поени, додека Рејмонд Фелтон додаде 14 поени и 10 асистенции. Одлично одигра и Џ.Р Смит кој имаше 15 поени и 10 скока. Најдобар во редовите на Пистонс беше Брендон Најт со 21 поен и 5 украдени топки. 17 поени додаде Карли Вилануева, а 16 Кајл Синглер.
Драматично беше во Торонто, Спарси ги совладаа Репторси после две продолжениа со 111-106. Џонас Валанкијунас и ДеМар Дерозан два пати ги спасија Рапторси, но не имаа решение за Тони Паркер во третиот обид. Феноменалниот француз мечот го заврши со 32 поени, 6 скока и 5 асистенции, а го следеше Тим Данкан со 26 поени, 5 скока и 6 асистенции. ДеМар ДеРозан беше најдобар во редовите на Торонто со 29 поени и 7 скока и 20 додаде Кајл Лаури.
Продолжение требаше да се одигра за да се реши натпреварот помеѓу Селтикси и Меџик, каде Селтикси славеја со 116-110. Повторно доминираше Ражон Рондо кој беше на еден чекор до трипл-дабл, 15 поени, 16 асистенции и 9 скока. Сјаен беше и Кевин Гарнет со 24 поени и 10 скока, додека Пол Пирс додаде 23 поени. Дабл-дабл имаше и Брендон Бас со 13 поени и 10 скока. Меџик беа предводени од Џ.Џ Редик со 21 поен, додека Џамир Нелсон даде 20. Бившиот играч на Селтикси Глен Дејвис даде 15, додека Арон Афлало имаше 15 поени.
Тесна победа оствари Филаделфија кој ги совладаа Санси со 104-101. Доминираше Џру Холидеј со 33 поени и 13 аситенции, додека 16 поени додаде Еван Тарнер, кој имаше и 9 скока. Санси беа предводени од Мајкл Билзи со 21 поен, а 18 поени и 7 скока додаде Марчин Гортат.
Нетси одлично играат дома, ја остварија 6тата победа во 7миот натпревар, а убедливо го надиграа Портланд со 98-85. Нетси го свртеја мечот во 4/4, а беа предводени од феноменалниот Дерон Вилјамс со 15 поени (4/13 од игра), 12 асистенции и 4 блока. Најефикасен беше Џо Џонсон со 21 поен, додека Крис Хамфрис додаде 14 поени и 10 скока. Џ.Џ Хиксон беше најдобар кај Блејзерс со 19 поени и 10 скока, најмногу поени даде Метјуз 20, додека Демиан Лилард додаде 13 поени, 6 скока и 7 асистенции.
Денвер Нагетси беа убедливи против Хорнетси со 102-94, и ова е 7 пораз по ред за тимот од Њу Орлеанс. Андре Игуадала беше најдобар во Денвер со 23 поени, 17 додаде Тај Лоусон, додека Кенет Фарид имаше 14 поени и 12 скока. Брајан Робертс со 17 поени беше најефикасен кај Хорнетси, 16 даде Рајан Андерсон, а 14 Робин Лопез.
Денешни Резултати :
Бруклин Нетс 98-85 Портланд Траил Блејзерс
Њу Јорк Никс 121-100 Детроит Пистонс
Торонто Рапторс 106-111 Сан Антонио Спарс
Орландо Меџик 110-116 Бостон Селтикс
Филаделфија Севенти Сиксерс 104-101 Феникс Санс
Денвер Нагетс 102-84 Њу Орлеанс Хорнетс


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment