Home » , » Сиксерси без Бајнам на неодредено време

Сиксерси без Бајнам на неодредено време

Written By Anonymous on 25.11.12 | 19:34


Новиот центар на НБА тимот Филаделфија 76ерс Ендру Бајнам ќе биде надвор од ростерот на тимот „на неодредено време“, изјави генералниот менаџер на тимот Тони ДиЛео.

Бајнам стигна во Филаделфија во склоп со четири играчи меѓу кои Двајт Хауард кој заврши во Лос Анџелес Лејкерс. Претходната сезона овај центар оствари просек од 18,7 кошови и 11,8 скокови и 60 одиграни натпревари.

Во септември претходната година Бајнам ја прими Ортокината терапија заради оток на десното колено. Од почетокот на тренинг-кампот терминот на неговото враќање на паркетот беше одложен четири пати. Според последните информации, Сиксерси се надеваа дека Бајнам ќе се врати од операцијата до 10ти декември. Но, кошаркарот пред две седмици на куглање заработи и повреда на левото колено. Никој не знае кога ќе му се приклучи на тимот.

“Ние не знаеме кога ќе се врати. Одговорот на тоа прашање го знае само неговото тело. Кога ќе се чувствува подобро, ќе се зголеми рехабилитацискиот програм. Ќе мораме да почекаме и ќе видиме како Ендру ќе реагира на рехабилитацијата“, рече ДиЛео.

0 comments:

Post a Comment