Home » , » Бруклин конечно ќе ја отвори сезоната против Торонто, Денвер гостува кај Мајами

Бруклин конечно ќе ја отвори сезоната против Торонто, Денвер гостува кај Мајами

Written By Unknown on 3.11.12 | 19:59

Следнава ноќ на НБА програмата не' очекуваат 10 натпревари, а меѓу тие натпревари се наоѓа и дуелот помеѓу Бруклин Нетс и Торонто Репторс, што всушност ќе биде првиот сезонски дуел за новите Нетси од Бруклин.


Торонто Репторс 00:30 Бруклин Нетс
Конечно стигна денот на кој што сите фанови на Бруклин Нетс треба да се радуваат. Првиот регуларен сезонски натпревар за Нетс против Никси беше откажан, а сега следува и првиот официјален домашен натпревар во Барклајс центарот за новите Бруклин Нетс. Ова е всушност и првиот сезонски натпревар кој што Бруклин ќе го одигра како најмлад во НБА лигата моментално. Нивниот ростер ветува многу, полн е со играчи на секоја позиција, па може да очекуваме светла сезона од нив. Дерон Вилијамс и Џо Џонсон се гладни и жедни за успешна сезона, откако и двајцата играчи имаа разочарувачки неколку сезони наназад со своите тимови.
Торонто стартуваше со пораз од Индијана на домашен терен во првиот натпревар, но натпреварот беше многу близок и една грешка на крајот ги чинеше пораз. Како и да е, новиот тим на Репторс може многу повеќе во споредба со минатите години и не е ништо чудно доколку тие бидат во битка за плејоф позиција (засновано на фактот како игра против Индијана на првиот натпревар). Сепак, ова е само старт на сезоната, многу работи имаат прашина над нив и се далеку од јасни. Очекуваме интересен натпревар и желба за победа од двете страни. 


Денвер Нагетс 00:30 Мајами Хит 
И двата тима одиграа максимални два натпревара на почетокот на сезоната и немаат баш импресивен старт. Мајами Хит држат рекорд од 1-1, откако убедливо славеа против Селтикс на отварањето на сезоната, но синоќа убедливо изгубија од Њу Јорк Никс. Денвер Нагетс пак, имаат уште полош старт од Хит и негативен рекорд од дури 0-2. Тие изгубија против Сиксерс на првиот натпревар, а синоќа изненадливо беа поразени од Орландо Меџик на гостински терен. 
Овој натпревар треба да биде интересен баш поради потребата за победа на двата тима, бидејќи и двата тима бараат излез од непобедничките рекорди. 0-3 за Нагетс би значело катастрофален старт, додека со рекорд од 1-2 и Мајами би требало да се загрижи малку повеќе.
Без оглед на овие факти, дуелот на крилната позиција помеѓу Џејмс и Игуадала би требало да биде интересен, и додека Двејн Вејд е силната втора опција за тимот од Мајами, брзината на Тај Лосон може да створи многу невољи за одбраната на Хит. Очекуваме исто така интересен натпревар, натпревар кој е многу важен за двата тима.

Останатите натпревари се:

Бостон Селтикс 00:00 Вашингтон Визардс
Сакраменто Кингс 00:00 Индијана Пејсерс
Њу Орлеанс Хорнетс 01:00 Чикаго Булс
Портланд ТреилБлејзерс 01:00 Хјустон Рокетс
Кливленд Кавалирс 01:30 Милвоки Бакс
Шарлот Бобкетс 01:30 Далас Маверикс 
 Јута Џез 01:30 Сан Антонио Спарс
Голден Стејт Вориорс 03:30 ЛА Клиперс

0 comments:

Post a Comment