
Но сега работите се сменија. Мартин е на поголема сцена сега, како дел од трејдот за Џејмс Харден, тој пристигна во Оклахома Сити Тандерс (Заедно со Џереми Ламб, но сеуште е рано да се зборува за овој играч).Сепак, по сезоната и статистиките кои бележеа регресија, како ли ке се снајде Мартин на оваа “Сцена„? Другото прашање е како тој ке се совпадне во Оклахома, каде ке ги добие минутите на Харден кој тотално се разликува во стилот на игра од Мартин.
Тој носи нови способности, кои ќе им помогнат на Тандерси.
Да започнеме со неговиот шут за три. Мартин бележи 37.7% ефикасност од линијата за три во својата кариера и притоа има брзо ослободување на топката. Дури и кога е добро чуван, тој ја има способноста да го избегне одбранбениот играч и да погоди од дистанца ( во минатата сезона бележеше 44 % од шутот од 5 метри, надвор од рекетот). Исто така Мартин има одличен лажен шут и подобар продор отколку што луѓето очекуваат што му отвара повеќе простор за шут, а не му е потребен многу простор за реализација.
Со сите овие способности, лесно е да се види улогата на крило кое ке ја разбива одбраната заедно со Расел Вестбрук и Кевин Дурант на теренот.Тоа што ке биде тешко за Мартин е да ја превземе одговорноста, кога Дурант и Вестбрук ке бидат на клупата. Тоа всушност беше улогата на Харден и тука Оклахома ке треба да направи промени во играта.
Мартин едноставно не е ни приближно добар плејмејкер колку што е Харден. Со тоа, повеќето од задачите за организацијата ке паднат на Ерик Мејнор. Во тој случај Мартин ке треба да си го крене нивото на играта (кое минатата година му ја намали ефикасноста на 41.3 %) , за да добива ефективни топки во брзите или пак во регуларните напади.
Таа промена би требало да започне со праќањето на Мартин на линијата за слободни, а Мартин знае како да го изнуди тоа (во сезоната 2009/2010 тој изведуваше повеќе од 10 слободни фрлања по меч). Меѓутоа минатата година таа статистика се преполови. НБА прекина да досудува фаули на познатиот “rip move” (инаку негов препознатлив потег), но и начинот на кој Мартин беше користен во нападот едноставно делуваше регресивно на неговите статистики. Сепак оваа година тој ке мора да си ја најде својата игра повторно.
Можеби Тандерси треба да почнат да ја анализираат употребата на Реј Ален и да применат неколку од тие тактики, познавајќи ја сличноста на овие два играча.
Што и да се случи, едно е сигурно. Оклахома Сити Тандерс ке треба да направат некои модификации во својата игра, што би можело да одземе време за да играчите го научат и почнат да го применуваат овој стил на игра.
Меѓутоа најбитното е што конечно Кевин Мартин е на “Големата Сцена“ и останува да видиме што ке направи во врска со тоа.
0 comments:
Post a Comment