
Оклахома на домашен паркет со 104-93 ја победи Индијана и така дојде до 17тата победа сезонава. Најдобар беше Дурант со 27 поени, 8 скока и 4 асистенции, кој шутираше од игра 9/24. Кевин Мартин додаде од клупата 24 поени, додека Расел Вестбрук натпреварот го заврши со 21 поен, 7 скока и 6 асистенции. Кај Пејсерси најдобар беше Дејвид Вест со 21 поен.
Л.А Клиперси стигнаа до својата 6та победа по ред совладувајќи ги Репторси со 102-83. Клиперси натпреварот го добија во 4/4. Најдобар беше Грифин со 19 поени, додека Крис Пол и Крофорд имаа по 16. На спротивната страна најдобар беше ДеМар ДеРозан со 24 поени.
Лејкерси ја продолжија серијата на порази и покрај ефикасните партии на Коби Брајант. 12тиот пораз оваа сезона го претрпеја во Јута со резултат од 117-110. Најдобри беа Пол Милсап со 24 поени и Мо Вилијамс со 22 поени. Кај Лејкерси најдобар беше Коби Брајант со 34 поени, Двајт Хауард додаде 11 поени и 16 скока, додека Крис Духон имаше 12 поени и 11 асистенции.
Денешни Резултати :
Л.А Клиперс 102-83 Торонто
Бруклин 88-97 Милвоки
Оклахома 104-93 Индијана
Њу Јорк 112-106 Денвер
Феникс 90-98 Орландо
Л.А Лејкерс 110-117 Јута


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment