Home » , » Атланта го совлада Мемфис, Никси поразени во Чикаго

Атланта го совлада Мемфис, Никси поразени во Чикаго

Written By Anonymous on 9.12.12 | 21:09

Вчера се одиграа 10 натпревари во НБА лигата, а највозбудливо беше во Чикаго и Мемфис каде Булси им нанесоја пораз на Никси, а Атланта ја прекина серијата на Гризлиси од 13 победи над тимовите од Истокот.

Булси кој и натаму играат без Роуз славеја со 93-85, а клучна беше 4/4 од натпреварот која домаќините ја играа многу добро и во нападот и во одбраната. Последните 12 минути Чикаго ги доби со 26-20, со што ја прекина серијата на 5 победи по ред на Никси, кои играа без Кармело Ентони веќе втор пат по ред.

Луол Денг и Марко Белинели имаа по 22 поени, додека на Никси не им помогнаа ниту 27те поени, 5те скокови и асистенции на Рејмонд Фелтон. Да речеме дека Булси ги ограничија Никси на 32% шут од игра, што е најмал процент на Никси оваа сезона.

Многу интересно беше во Мемфис каде Атланта ја прекина серијата на Гризлис од 13 победи против тимовите од Истокот. Славеја Хокси со 93-83, а најмногу поради Џош Смит кој беше сјајен на двата краја на теренот. Имаше 24 поени, 8 скока, 4 асистенции, 3 украдени топки и еден блок.

Катастрофална вечер имаше Руди Геј кој шутираше само 7/25. Да речеме дека Атланта оваа сезона на ниту еден тим не му остави да шутира над 50% во еден натпревар.

Актуелниот првак Мајами Хит лесно излезе на крај со Хорнетси славејќи 106-90. Клуч беше последната четвртина кога гостите беа лимитирани на само 15 поени, додека нападот им беше сјајен на Хит, постигнувајќи 33 поени.

Хит беа предводени од двајцата најдобри пријатели - Двејн Вејд и ЛеБрон Џејмс. Вејд имаше 26 поени, а Џејмс 24 поени, 5 скока и 7 асистенции. Да речеме дека сите играчи кои заиграа успеаа да дадат барем еден поен.

Од останатите резултати ќе ја издвоиме победата на Спарси над Шарлот со 132-102, и одличната кошарка во Тексас каде Хјустон е поразен од Далас со 116-109. Далас славеја благодарејќи на последната четвртина во која од -5, стигнаа до победа со +7.

Најзаслужен беше О.Џ Мејо со 40 поени и 8 скока, додека Џејмс Харден кај домаќините даде поен помалку (39), и имаше 6 скока и 9 асистенции.

Денешни Резултати :

Л.А Клиперс 117-99 Феникс 
Вашингтон 97-101 Голден Стејт
Шарлот 102-132 Сан Антонио
Бостон 92-79 Филаделфија
Мајами 106-90 Њу Орлеанс
Кливленд 97-104 Детроит
Чикаго 93-85 Њу Јорк
Мемфис 83-93 Атланта
Хјустон 109-116 Далас
Портланд 80-99 Сакраменто

0 comments:

Post a Comment