
На Никси ова им беше 9та победа дома во исто толку натпревари сезонава што не им пошло од рака уште од 1992/93. Лејкерси без повредениот Пау Гасол и Стив Неш во текот на целиот натпревар практично не беа во “игра“, и така ја запишаа својот 4 пораз по ред и сега се на скор од 9-14. Лејкерси во натпреварот заостануваа и со 26 поени разлика, па конечниот резултат може да се нарече за нив и добар.
Кармело Ентони ги водеше Никси со 30 поени, од кој 22 ги даде во 1/4 од натпреварот. Тоа го стори за точно 23 минути, гледајќи дека го исчаши глуждот на ногата во 3/4 од натпреварот. Според ЕСПН, последен играч кој дал над 30 поени за толку малку игра е Дејвид Робинсон кој го сторил тоа во 1995 година.
Рејмонд Фелтон додаде 19 поени и 8 асистенции, додека Тајсон Чендлер и Џ.Р Смит имаа по 18 поени. Кај Лејкерси Коби Брајант беше најдобар со 31 поен, 10 скока и 6 асистенции, Мета Ворлд Пис додаде 23, а Двајт Хауард 20 поени.
Блејзерси славеја над Сан Антонио со 98-90 носени на грбот на Демиан Лилард кој даде 29 поени што му се личен рекрод. Тоа беше 13ти натпревар на Лилард со +20 поени во сезонава. Олдриџ додаде 22 поени, додека Џ.Џ Хиксон имаше 12 поени и исто толку скока. Во вториот пораз на Спарси по ред Тони Паркер беше најдобар со 21 поен, додека Данкан додаде 16.
Атланта поигра со Шарлот и го совлада со 113-90. Хокси на кој им е ова 11та победа во 13 натпревари, беа водени од играчот од клупата Девин Харис со 20 поени, 18 додаде Смит, а Иван Џонсон 16. За Шарлот ова беше 10ти пораз по ред, а просечно примаа по 108.2 поени. Најефикасен беше Џералд Хандерсон со 17 поени, додека Сешнс додаде 16 поени.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment