Коби Брајант со своите Лејкерс вечерва гостува во Медисон Сквер Гарден, каде што ќе се соочат со Кармело Ентони и неговите Никси, кои се 8-0 сезонава на нивниот домашен терен.
Коби Брајант седна со Стивен А.Смит од „ESPN“ денеска и разговараше за тешката средба на Лејкерс вечерва против Њу Јорк Никс. Покрај тоа, Коби беше и запрашан за тоа кој е најтешкиот играч за задржување според него, па еве што Коби одговори:
“Кармело Ентони е најтешкиот играч за да го задржам дефанзивно. Играм против "бикот" вечерва и ќе биде забавно!“ - изјави Коби.
Бидејќи Мело игра на позиција PF, може да го однесе Коби во нискиот пост и со своите физички предиспозиции лесно да постигне поени на него. Но, сето тоа може да се случи кога Амаре не игра на нискиот пост, а тоа вечерва нема да се случи бидејќи Стадемаер сеуште е недостапен за Никс. Кога Амаре ќе ја зафати пост позицијата, Мело ќе мора да игра на крилната позиција и имајќи го Коби на себе, ќе мора да го победи со својата брзина и скок-шут. Но Коби е многу подобар дефанзивец на крилната позиција, отколку во постот.
Вечерва Лејкерс најверојатно ќе го постават Мета Ворлд Пис дефанзивно на Ентони, кој што најверојатно ќе му направи многу проблеми во постот на Мело. Но сепак, неопходна ќе биде помошта од Двајт Хауард и останатите за Лејкерс да го скротат Ентони и неговата врвна форма.
И доколку дефанзивните ротации на Лејкерс бидат како и на натпреварот против Кливленд во вторникот, Мело во последната четвртина ќе биде на клупата. Секако, не поради тоа што нема доволно добро да консолидира кога е најпотребно, туку затоа што Никси ќе уживаат во големо водство. Па, останува да видиме дали Лејкерс учат од грешките, особено во одбрана.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment