Home » , » Селтикси заинтересирани за Џ.Џ. Редик

Селтикси заинтересирани за Џ.Џ. Редик

Written By Anonymous on 25.1.13 | 18:34


По големите проблеми со скокот, Селтикси маки мачат со реализацијата.

Во првата третина од сезоната Селтикси се мачеја во скокот. Тоа беше сегмент во играта во кој “зелените“ беа последниот тим во лигата. Моментално поминуваат низ уште една криза. Во последните 5 натпревари не знаат за победа, но овој пат како главен проблем за тоа е лошата реализација од поле.

Вчера по поразот од Њу Јорк Пол Пирс изјави дека одбраната на “Келтите“ изгледа и повеќе од задоволувачка, но нападот е за сите критики. Во последните 5 натпревари бележат нешто помалку од 90 поени во просек.

Иако ГМ на Бостон Дени Ејнџ неодамна изјави дека нема да има промени во тимот на Селтикси можно е лошите резултати да го натераат да се предомисли. А како што вели “инсајдерот“ на ЕСПН Марк Штајн, тренерот на Бостон Док Риверс “загризал“ за сјајниот шутер на Орландо Џ.Џ Редик.

Ангажманот на Редик на Селтикси би им донел прецизен шутер. Редик не е играч кој сам знае да креира позиција, но тоа не е проблем во Бостон поготово затоа што го имаат Ражон Рондо кој секогаш на шутерите им наоѓа погодна позиција за отворен шут.

Во Бостон не се задоволни од Тери, а поготово од Кортни Ли од кој малку повеќе се очекуваше. Со обзир на тоа дека тимот на Орландо е во процес на креирање на нов тим и дека немаат резултатски амбиции оваа сезона можно е да дојде до трејд во кој Џ.Џ Редик би станал нов играч на Селтикс.

0 comments:

Post a Comment