Home » , » Пол Џорџ: “Не сакам да се фалам, ама заслужив повик за Ол Стар натпреварот“

Пол Џорџ: “Не сакам да се фалам, ама заслужив повик за Ол Стар натпреварот“

Written By Anonymous on 25.1.13 | 18:43


Сјајниот комбо крилен играч на Пејсерси Пол Џорџ изјави дека се надевал на повик за “Ол Стар“ натпреварот во Хјустон кој ќе се одигра на 17. фебруари.

Без никакви дилеми, Пол Џорџ експлодираше оваа сезона. И додека се грижеа за Дени Грејнџер кој ќе ја пропушти цела сезона, сјајниот 203 цантиметри висок Пол Џорџ ја искористи својата шанса. Оваа сезона просечно постигнува по 17.3 поени и има по 7.8 скока и е најзаслужен за добрите партии на четата на Вогел.

“Не сакам да се фалам премногу, но свесен сум дека играм добро оваа сезона и дека заслужив да играм на Ол Стар“,

изјави Пол Џорџ на кој тренерите на НБА лигата го избраа да го претставува истокот на ревијалниот натпревар во Хјустон. Меѓутоа, извесно е дека овој играч го има секое право за да биде дел од ѕвезденото небо на НБА лигата. Тој се надева дека со овој настап нема да го заврши учеството на ваквите натпревари.

“Кога би продолжил да играм на ова ниво, сигурен сум дека би можел да играм повторно. Искрено верувам во себе, имам доволно самодоверба и мислам дека ќе биде така“,

вели Џорџ. Иначе, ова е втора година по ред Индијана да има свој претставник на Ол Стар натпреварот. Минатата сезона играше Рој Хиберт.




0 comments:

Post a Comment