Home » , » Коби Брајант: “Премногу сме стари“

Коби Брајант: “Премногу сме стари“

Written By Anonymous on 3.1.13 | 13:47


После новиот пораз на Л.А Лејкерси, 16. во сезоната, првата ѕвезда на тимот Коби Брајант како причина за лошите резултати го зеде податокот за тоа колку е стар тимот.

Лејкерси шутираа дури 39% од игра против Филаделфија кој славеја во Стејплс Центарот со резултат од 103-99 и го ставија тимот на Лејкерси во негативен скор.

“Тоа е поради што сме стари. Мораме да пронајдеме решение како да играме кога остануваме без енергија. Мораме да се промениме во одбраната, да се браниме. Да сфатиме како да играме кога ни се тешки нозете“,

рече Брајант.

Сиксерси Лејкерси ги добија благодарејќи на 22-годишниот Џру Холидеј (26 поени и 10 асистенции) и 24-годишниот Еван Тарнер (22 поени и 13 скока). Од другата страна Коби Брајант имаше 36 поени и 6 скока.

“Гледавте проклето стар тим. Незнам како да го објаснам тоа. Едноставно бевме спори. Игравме против тим од млади играчи, свежи и полни со енергија. А ние како да заглавивме во кал.“,

вели Брајант.

Коби оваа сезона е најдобар стрелец на лигата со 30.3 поени по натпревар, иако ја игра веќе 17тата сезона во кариерата.

“Мислам дека мораме индивидуално да сфатиме како да се припремаме за секој натпревар, да дадеме се од себе. Тоа е се. Тоа е голема работа кога ќе остариш, да сфатиш дека треба да бидеш спремен за наредниот натпревар. Потребно е многу да си посветен“,

истакна Коби и додаде:

“Кога сме свежи, кога играме со многу енергија, тогаш сме поинаков тим.“

0 comments:

Post a Comment