Home » , » Кармело тврди дека заедно со Амаре се непобедливи

Кармело тврди дека заедно со Амаре се непобедливи

Written By Anonymous on 3.1.13 | 13:19


Прашањето кое не прекина да се поставува од доаѓањето на Кармело во Њу Јорк, повторно се актуелно.

Дали Кармело и Амаре се добар тандем и дали можат да победуваат заедно?

Факт е дека по тоа што го прикажаа до сега и Кармело и неговите соиграчи во досегашните два месеца, со Амаре на клупата, е во најмала рака успешно. Но веднаш по информацијата дека Амаре се враќа во тимот, Кармело излезе веднаш да ги негира шпекулациите дека Амаре Стадемаер нема многу да помогне во тимот.

“Потребен ни е. Иако нашата игра е на високо ниво, сепак неговото присуство ќе придонесе за уште подобра игра. Мислам дека сме спремни за него“,

изјави Кармело.

Стадемаер, сепак, има уште многу работа за да се врати во онаа препознатлива Ол-Стар форма, по операцијата на левото колено која ја направи на крајот од октомври, минатата година. Иако веќе работи целосни тренинзи, на натпреварот против Портланд можеше да се види последицата од паузата каде за 16 минути игра постигна 6 поени (3-8) и 1 скок.

0 comments:

Post a Comment