Кога Бегел го праша Џабар за оваа идеа доби ваков одговор:
“Секако дека би ја прифатил понудата на Милвоки Бакс. Мислам дека да се биде главен тренер во НБА лигата е многу повеќе од поставување акции и стратегии за натпреварот. На ова ниво сите можат да шутираат во серија и да играат одбрана. Сите во лигата имаат вештини. Успешните тимови успеале да го извлечат максимумот од вештината на поединците и да се вколпат во тимот“,
вели Џабар и додава:
“Јас знам много добро индивидуално да се спремам за сезоната и знам што значи индовидуалната припрема за тимот. Јас можам да го соберам тимот околу мене и да направам победничка хемија, тоа е она што поединечните екипи ги прави успешни“.
Иако Бакси моментално имаат главен тренер, не се сомневаме дека во иднина би требале да размислат за Абдул-Џабар. Великанот на овој спорт, кој е избран на драфтот во 1969. година од страна на Милвоки им донесе 1 титула во франшизата во 1971. година, а сигурно има да им понуди нешто како тренер.
Играчките референци се и повеќе од примамливи - изигра 20 сезони во НБА лигата и е на просеци од 24.6 поени, 11.2 скока и 2.5 блокади по натпревар. Исто така тој е прв стрелец на НБА лигата со 38.387 постигнати поени во кариерата.
0 comments:
Post a Comment