Home » , » Според докторите, Дерик Роуз може да игра!

Според докторите, Дерик Роуз може да игра!

Written By Unknown on 8.3.13 | 18:30

Докторите на Чикаго Булс утврдија дека првата ѕвезда на тимот Дерик Роуз е спремен за да игра, но неговото долго-очекувано враќање во составот нема да се случи се додека самиот Роуз не одлучи за тоа.

Имено, границата која Дерик чека да ја премине е моментот кога ќе може без проблем да забива со скок од левата нога. 

Роуз, кој имаше операција на коленото во Мај минатата година, веќе докажа дека може да забива и тоа на повеќе начини. Исто така, Роуз им пренел на соиграчите во Булси дека нема да се врати се додека не почувствува во главата дека може силно да забие за време на регуларен натпревар.

Тренерскиот состав на Чикаго не врши притисок кон Роуз за неговото враќање, но сепак тие веруваат дека тој би можел да заигра оваа сезона, поточно во текот на овој месец (Март), што би означило точно 10 месеци од неговата операција.

Поранешниот MVP ја зголеми и можноста дека воопшто нема да заигра оваа сезона, кога зборуваше во интервју за „ESPN“ во текот на натпреварот Чикаго - Бостон на 13. Февруари, што воедно беше и негов последен говор пред јавноста.

0 comments:

Post a Comment