Home » , » Џејсон Кид ќе разговара за тренерската позиција во Бруклин

Џејсон Кид ќе разговара за тренерската позиција во Бруклин

Written By Unknown on 10.6.13 | 20:30

Џејсон Кид се откажа од својата играчка кариера на 3ти Јуни, по 19 години искуство во лигата. Но тој не чека да помине време за да се оддели со НБА лигата барем на кратко, туку веднаш ја бара првата работа како тренер на еден НБА тим. Кид е заинтересиран за тренерската позиција во Бруклин Нетс, а дискусиите се веќе на високо ниво. 

Кид нема никакво тренерско искуство, но веќе започна да собира персонал околу себе за да му помогнат да го надмине она што им се случува на тренерите кои се во својата прва година од искуството. Дополнителен факт во овој случај е тоа што Дерон Вилијамс и Џејсон Кид имаат ист агент и нивната врска е многу блиска. 

Џејсон Кид го помина најголемиот дел од својата кариера во тимот на Њу Џерси Нетс, од 2001-2008 година. Го предводеше тимот на Нетс до две НБА Финалиња, но не успеа да освои титула со оваа франшиза. 

Само три играчи во историјата на лигата се префрлиле на тренерската позиција веднаш по пензионирањето од играчката кариера. Истиот случај беше со Лери Брд, а големината на Кид и Брд е слична. Неговото искуство во играчката кариера, три настапи во финалето, шампионат, две олимписки медали и неговото големо знаење за кошарката само ќе ја олеснат работата. 

Меѓутоа, ГМ на Нетс има и други сериозни кандидати за тренерската позиција околу него. Според Нетс, претходен главен кандидат беше Брајан Шо.

0 comments:

Post a Comment