Клајд Дрекслер

Written By Unknown on 15.8.12 | 19:40

CD92612


Легенда на Портланд Траил Блејзерси и Хјустон Рокетси, Клајд Дреклсер беше еден од најдобрите бекови во својата генереција, а во 15те одиграни сезони Дреклсер се покажа како одличен ол-аранунд играч. На почетокот на кариерата беше најпознат по спектакуларните забивања.
Клајд Дреклсер е роден на 22. јуни 1962 во Њу Орлеанс во сојузната држава Луизана.Кога имаше 3 години со својата мајка се преселил во Хјустон.Таткото на Клајд Џејмс одамна престанал да биде фактор во неговиот живот.Клајд доживеа судбина на многу НБА играчи кој ги напуштиле татковците и биле одгледани од своите мајки.Мајката на Клајд одгледала 7 деца.
“Таа ни беше и мајка и татко“ – вели Клајд.“И супер го направи тоа.Имам неизмерно поштовање кон неа.“

 

За неговиот тако Џејмс нема зборови.Клајд одсекогаш беше господин, како и на теренот, но и надвор од него.
“Татко ми ми праќаше честитка еднаш годишно, за мојот роденден или Божиќ, но не размислував многу за тоа бидејќи не знаев многу за него.Би сакал да конатктираше повеќе со нас, но тој го правеше тоа што го можеше.“

 

Мајката на Дреклсер со своите 7 деца живееше во 3 собна куќа, а работеше во маркет.
“Никогаш не бевме гладни.Немавме многу пари, но не беше така лошо .Бевме многу поврзани.“ - вели Клајд.

Клајд го сакаше спортот како дете, особено американскиот фудбал.Во средно школо стана старер и во кошаркаската екипа дури во трета година.На четвртата година стана капитен на тимот, но тогаш не беше ништо поседно.За тоа Клајд вели :“Дури не бев ни во најдобрите 10 кошаркари во сојузната држава Тексас.“

Ги посети светилиштата Њу Мексико Стејт и Тексас Теч, но на крајот се одлучи да остане блиску до дома па го одбра колеџот Хјустон.Тоа беше добра одлука.Стана Ол Американ играч.Хјустон освен Клајд го имаа и сјајниот Акем Олајжуван, па и Лери Миклеј и Мајкл Јанг, се на се одлични играчи.Два пати играа финале на НЦАА но не успеа да освојат поради тоа што Северна Каролина предводена од Ворти и Џордан беше прејака за нив.

Уште на светилиштето покажа каков е ол араунд играч, а тоа ке го потврди подоцна во НБА.Стана прв во историјата на колеџот кој постигна преку 1000 поени, 900 скока и 300 асистенции.Во колеџот помина 3 години, и потоа се одлучи да излезе на драфтот.Тие 3 години имаше просек од 14,1 поени, 9,9 скока и 3,2 асистенции.

На драфтот во 1983 избран е како 14 пик од првата рунда, но Клајд не беше воудушевен.

“Бев разочаран, мислев дека Хјустон ке ме одбере како 3 пик.Тоа беше и причината зошто една година порано го напуштив колеџот.А тогаш Рокетси со 3 пик го избраа Родни МекКрај.“

Да потсетиме, Рокетси први на драфтот во 1983 го избраа сјајниот центар Ралф Симсон, кој ја заврши кариерата поради повреда.Втори бираат Пејсерси кој го избраа белиот центар Стив Стипанович.Трети бираа Рокетси (замена за Сиксерси) кој го зедоја Родни МекКрај.

Руки сезоната во Портланд беше фрустирачка за Дреклсер, кој не беше навикнат времето да го помина на клупата.Постигнуваше по 7.7 поени за 17 минути.Го менуваше Џим Паксон на местото на бек шутер, па и Калвин Нет на местото на ниско крило, а Паксон и Нет таа сезона беа најдобри стрелци на Портланд.Блејзерси таа сезона остварија 48-34, но Клајд не беше задоволен, сакаше поголема минутажа, сакаше да биде трејдуван.
“Можеби 10 пати барав да ме сменат во првата сезона“ - вели Дреклсер.“Многу научив од Џим Паксон, но сакав да играм во тим каде што ке имам поголема минутажа.“

 

Покрај не баш сјајната руки сезона челниците на Блејзерси и Џек Рамзи сметаа дека Дрекслер има потенцијал да биде ѕвезда во НБА.Само требаше да биде стрплив бидејќи на неговата позиција играше Џим Паксон.Планот беше со време Дрекслер да стане стартер, а токму негова замена да биде Паксон.

Веќе во втората сезона Дреклсер покажува дека е сјајен играч, иако влегува од клупата (во 42 од 80 натпревари) просечно постигнува 17,2 поени.Во третата сезона Дрекслер е стандарден во стартната петорка, избран е на Ол Стар, прв пат од 10 вкупно пати во кариерата.Но само еднаш е избран во првата НБА петторка и тоа во сезоната 1991/92 - неговата најдобра сезона.Дреклсер го зголемуваше просекот на постигнати поени.Во сезоната 1988/89 имаше најголем просек - 27,2 поени.

Дреклсер и Џим Паксон беа една и главна причина поради тоа што Портланд не го одбра Мајкл Џордан на драфтот во 1984 туку 216цм вискоиот Сем Бови.Бови беше добар центар, но го уништија повредите.Кој знае што би било доколку Блејзерси го драфтуваа и Мајкл, а да го заджи Дрекслер, а самиот Дреклес да се префли на позицијата ниско крило, а Џордан да игра на бек шутер.Но треба да се напомене бидејќи не знаевме каков играч ке стане Џордан и дали воопшто би бил најдобар играч во историјата на НБА.

Тренерот на Блејзерси Рамзи за недрафтувањето на Џордан вели :“Клајд е причината зошто не го зедовме Мајкл.Освен тоа ни требаше центар.Немаше потреба да драфтуваме шутер.“


 

Дреклсер со Портланд три сезони по ред играше финале на Западот.Постана водач на тимот, а постигнуваше и помалку поени од што реално можеше, само да му помогне на тимот.Без Дреклсер Порлтанд тешко дека би играле три финалиња на западот од 1990 до 1992.
“Секогаш треба да се сконцентирарате така да вештинтите кој ги имате во себе да му помогнете на тимот да победува.“- вели Клајд.“На почетокот на мојата кариерата требаше да постигнувам поени, но последните две години освен тоа морав да правам и други работи.Мислам дека со години играм добра одбрана, но не сум избран во најдобриот тим.Мојата репутација за забивање и сјајниот напаѓачки инсинкт сигурно имаше улога.Оние гласини кој велат дека не треба да сте во одбрамбениот тим не значи дека ако сте забивач не можете да играте одбрана.“

Дрекслер два пати ги однесе Блејзерси во НБА финалето, но нажалост не успеаа да освојат титула и да го повторат успехот на Волтон од 1977 година кога по прв и засгеа последен пат ја донесоја титулата во Портланд..

Прв пат Дреклсер и друштвото играа финале во 1990 година кога Ајзеа Томас ги предводеше Пистонси до финалето каде беа подобри во 5 натпревари.Другиот пат играа во 1992 против Џордановите Булси, но губат во 6 натпревари.Таа 1992 година само една екипа имаше подобар скор од Блејзерси во регуларниот дел од сезоната. а тоа беа Булси, а Џордан беше МВП на сезоната како и на финалето.Во тоа финале се зборуваше дека Дреклсер е втор најдобар играч на лигата.Џордан просечно постигнуваше по 35,8 поени со шут од игра од 53 посто, додека Дрекслер во финалето имаше 24,8 поени со шут од игра 41 посто.Булси сепак беа премоќни за Блејзерси.Но Дреклсер беше таа сезона дефинитивно втор најдобар играч на лигата, со просечни 25 поени, 6.6 скока и 6.7 асустенции по натпревар.Беше и втор во гласањето за МВП.

Ако гледаме Дреклсер во Портланд од 1989 до 1992 година ја играше најдобрата кошарка.Дреклсер исто така играше и на ОИ во Барселона како член на Дрим Тимот, и стана ОИ шампион го освои златото.

На 14 февруари 1995, Дрекслер е сменет во Хјустон Рокетси, каде со својот стар пријател Хакем Олајжуван го освојува толку посакуваниот прстен.

Дрекслер во НБА помина 15 сезони, а во Портланд одигра 11 и пол сезони.Постигна повеќе од 22000 поени во НБА со просек од 20,4 поени, 6,1 скока и 5,6 асистенции.Тимот на Дрекслер во тие 15 години никогаш не пропуштил плејоф, а неговиот просек во плејофот е идентичен како и во сезоната 20,4 поени.Но можеби најимпресивниот учинок на Дрекслер е тоа што има повеќе од 20000 поени, 6000 скока, 6000 асистенции и 2000 украдени топки во кариерата и по тоа е единствен играч.Тоа покажува колку е посветен играч и колку сакаше да игра за тимот.

 

ЛИЧЕН КАРТОН

ИМЕ : КЛАЈД
ПРЕЗИМЕ : ДРЕКСЛЕР
ДАТУМ НА РАЃАЊЕ : 22 ЈУНИ 1962
МЕСТО НА РАЃАЊЕ : ЊУ ОРЛЕАНС, ЛУИЗАНА
ПОЗИЦИЈА : БЕК
ВИСИНА : 201 ЦМ
ТЕЖИНА : 100 КИЛОГРАМИ
СРЕДНО УЧИЛИШТЕ : СТЕРЛИНГ (ХЈУСТОН)
КОЛЕЏ : ХЈУСТОН
НБА ДРАФТ : 14 ПИК 1983 (ПОРТЛАНД)
НБА ТИТУЛИ : 1 (1995)
ОЛ СТАР : 10 (1986., 1988., 1989., 1990., 1991., 1992., 1993., 1994., 1996., 1997.)
Hall-of-Fame ; 2004

 

0 comments:

Post a Comment