Home » » Завршена Летната лига, МВП наградата за Селби и Лилиард

Завршена Летната лига, МВП наградата за Селби и Лилиард

Written By Dragan on 24.7.12 | 14:24

Синоќа беа одиграни последните натпревари на овогодинешната Летна Лига, а како што завршија за Орландо и на Летната Лига во Лас Вегас и дојде крај.

Прогласени се и најдобрите играчи, а наградата за најкорисен играч ја поделија Џош Селби од Мемфис Гризлис и Дамиен Лилиард од Портланд ТреилБлејзерс.

Најдобра екипа беа Голден Стејт Вориорс, кои лигата ја завршија со 5 победи од 5 меча, додека останатите екипи имаа запишано барем еден пораз. Имаме и екипа која нема победи, тоа е Њу Јорк Никс. 

Индивидуално гледано Дамиен Лилард има најмногу постигнати поени во просек - 26.5, Малком Томас е најдобар скокач со 12.5 по натпревар, а најдобар асистент е Кенедал Маршал.

Честа да го одиграат финалниот натпревар на Летната НБА Лига ја добија Мемфис Гризлис и Минесота Тимберволвс. Во неизвесен натпревар, Минесота победија со 97:91. Победникот беше предводен од Мајк Харис со 22 поени и 12 скока, додека Камрон Тејлор постигна 15 поени. Поразените беа предводени Тони Врутен со 17 поени и Мет Џенинг со 16 поени и 6 скока.

НБА играчите сега се слободни до 2 октомври, кога се отвараат тренинг камповите.

0 comments:

Post a Comment