Home » , » Ејвери Џонсон: „Очекуваме многу од Телетовиќ“

Ејвери Џонсон: „Очекуваме многу од Телетовиќ“

Written By Dragan on 24.7.12 | 14:33

Еден спортски сајт, со помош на родителите на младиот босански кошаркар Самир Шехиќ, успеа да стапи во контакт со тренерот на Бруклин Нетс Ejвери Џонсон. Иако немал многу време за разговор, Џонсон само за читателите на овој спортски сајт го пофалил првиот босански кошаркар во НБА лигата Мирза Телетовиќ, кој пред неколку дена потпиша 3 - годишен договор со Нетс.

„Многу ми се допаѓа Мирза како кошаркар. Знам дека е квалитетен играч и верувам дека многу ќе ни помогне во наредната сезона, за која имаме големи амбиции. Очекуваме многу од него.“ - изјавил Џонсон.

Џонсон ја презеде клупата на Нетс во 2010 година, а претходно ги водеше Далас Маверикс. Исто така, во својата кариера како играч има носено дресови од голем број на клубови, а највпечатлива трага остави во екипата на Сан Антонио Спарс, каде што играше 7 сезони. Во Спарси го заработи прекарот "мал генерал". 

0 comments:

Post a Comment