Home » , » Булс ги доведуваат Мохамед и Белинели

Булс ги доведуваат Мохамед и Белинели

Written By Dragan on 24.7.12 | 14:54

Според некои Американси медиуми, Чикаго Булс се многи блиску до потпишување на 34 - годишниот Назр Мохамед и 26 - годишниот Италијанец Марко Белинели.


Назри Мохамед минатата сезона за Оклахома Сити Тандер бележеше просек од 2,7 поени и 2,7 скокови во просек од 11 минути по натпревар поминати на теренот.


Но Чикаго не запира тука. Се чини дека се решени да се зајакнат и на шутерската позиција. Локалните медиуми пишуваат дека Марко Белинели е многу блиску до потписот за Булс. Се чека продолжување или ослободување на Ашик од тимот, па дури потоа ќе се знае дали Белинели ќе се одлучи за Булс. Ослободувањето од Омер Ашик би значело побогат буџет за плати што би ја зголемило шансата да биде доведен шутерот од Италија.


Белинели со своите 26 години може да се пофали со 5 годишен стаж во НБА лигата. Минатата сезона според неговите статистики е негова најдобра сезона што тој ја изиграл. Тој бележеше 11,8 поени и 2,6 скокови по натпревар играјќи за Њу Орлеанс Хорнетс.
Чикаго Булс досега го доведоа Владимир Радмановиќ, додека од тимот ги ослободија Си-Џеј Вотсон, Кајл Корвер и Џон Лукас III. 

0 comments:

Post a Comment