Home » , » Сани Вимс и Морис Еванс под лупата на Никс

Сани Вимс и Морис Еванс под лупата на Никс

Written By Anonymous on 21.7.12 | 23:03


Според зборовите на Роџер Монтгомери, кој е агент и на Џереми Лин, Њу Јорк Никс покажал интерес за потписите на Сани Вимс и Морис Еванс.

“Мислам дека двајцата одлично би се вклопиле во тимот. Еванс би одговарал поради многу причини, а една од тие е тоа што е ветеран. Исто така мислам дека и Сани одлично ќе се вклопи, пред се заради неговите атлетски способности. Без проблеми би можел да игра како стартер или барем во ротацијата. Како и да е мислам дека е идеален за оваа екипа.” – изјави Монтгомери.

Минатата сезона Сани Вимс како играч на Жалгирис оствари просек од 11,8 поени по натпревар, а во Евролигата беше нешто подобар со 15,5 поени по натпревар.

Морис Еванс, кој минатата сезона ја помина во Вашингтон Визардс просечно постигнуваше 4,9 поени по натпревар би можел да потпише ветерански минимум од 1,4 милиони долари.

0 comments:

Post a Comment