Home » » Се освен титула е неупех за Никси - вели Стадемаер

Се освен титула е неупех за Никси - вели Стадемаер

Written By Anonymous on 21.7.12 | 22:57



Се освен титула е неупех за тимот на Никси-изјави Стадемаер во четвртокот за време на летната лига во Медисон Сквер Гарден. Иако од играчи со профил како оној на Стадемаер не се очекува ништо помалу, сепак очигледно е дека сепак цели премногу високо. 


Со новите играчи како Маркус Кемби и Рајмонд Фелтон, и со добра соработка меѓу Мело и Стадемаер, под водство на Мајк Вудсон, Никси би требало да бидат во горниот дел од табелата на Истокот и да имаат ја предноста на домашниот терен во првото коло на плеј-офот.

Но, со тимот со кој располагаат во моментов не се ни блиску до квалитетот на Мајами, Чикаго и Бостон, дури и Бруклин Нетс. Дури и да го поминат финалето на Истокот, тогаш за титулата ќе треба да играат против Тандер или Лејкерси. 


Во која било комбинација, патот до титулата е скоро невозможен. Што значи дека сезоната на Никси уште однапред е осудена на пропаст, доколку се суди според целта која ја има Стадамаер.

0 comments:

Post a Comment