Home » , » Санс го вратија назад Шенон Браун

Санс го вратија назад Шенон Браун

Written By Scyx on 22.7.12 | 16:57

Шенон Браун потпиша нов, 2 - годишен договор, со вредност од 7 милиони американски долари со старо - новата екипа Феникс Санс.

Во Санс на местото на Неш (кој замина во Лејкерс) дојде Горан Драгич, но имаа проблеми со потпишување на друг квалитетен бек.

Санс направија максимална понуда до Ерик Гордон, но Гордон доби и прифати иста таква понуда од Хорнетс, со што го задржаа во својот тим.
О.Џ. Мејо ја прифати понудата на далас, додека Кортни Ли е веќе член на Бостон Селтикс.

Минатата сезона во Феникс, Браун играше најмногу минути по натпревар, изведе најмногу шутови и исто така погоди најмногу поени по натпревар во својата кариера. Не беше нешто многу подобар од претходно, но играше поголема улога во нападот. Таквата улога може да продолжи во следната сезона.

0 comments:

Post a Comment