Home » , » Последни вести за Двајт Хауард

Последни вести за Двајт Хауард

Written By Anonymous on 22.7.12 | 16:46

Синоќа од Американскиот сајт "RealGM.com" објавија дека Двајт Хауард е возбуден во врска со можност да игра Лос Анџелес Лејкерс. Крис Броусард од "ESPN" исто така објави дека Двајт Хауард е подготвен да игра со Коби Брајант во Лејкерси.
Моменти пред тоа, беше објавена статија во која се наведува дека агентот на Хауард негирал некои извештаи за неговиот клиент околу потпишување за Лејкерси.


Она што најмногу фанови не го разбираат е дека "RealGM.com" и другите извори ставија јасно до знаење дека Двајт Хауард ќе потпише со Лејкерси на крајот на сезоната 2012-13, наместо веднаш по трејдот. Зошто ?
Бидејќи според правилата на НБА лигата, по трејдот Двајт Хауард ќе може да потпише договор на само 3 години со тимот во кој би бил трејдуван. Додека пак, ако го остави договорот да истече оваа сезона, Лејкерс, или било кој тим во кој би бил трејдуван би можел да ги искористи т.н. "Bird rights" и да му понуди максимален договор од 5 години, вреден 100 милиони долари.



0 comments:

Post a Comment