Home » , » Среќно 53че МЕЏИК ЏОНСОН !

Среќно 53че МЕЏИК ЏОНСОН !

Written By Anonymous on 14.8.12 | 12:01


На денешен ден пред 53 години, потпочно во 1959 година е роден еден од најголемите великани на НБА кошарката, МЕЏИК ЏОНСОН.

Роден во Мичиган, град оддалечен 1 и пол саат од Детроит.Меџик порасна во деветчлено семејство.Меџик беше 4то дете по ред од 7те деца.Подоцна се решава да заигра и во колеџ кошарката во колеџот Мичиган Стејт каде игра одлично и во финалето ги победуваат Индијана Стејт предводени од неговиот најголем ривал Лери Брд.

Во 1979 година на возраст од 20 години е избран како прв пик на драфтот и е избран од страна на силните Лејкерси кој неочекувано стигнаа од овој пик.

Меџик тотално ја смени историјата на Лејкерси уште во својата руки година освои титула и стана МВП на финалето, подоцна стана и главен играч и прва опција на Лејкерси во нападот засенувајќи го тогашниот ветеран и легенда Карем Абдул Џабар.

Тој постави нови стандарди во кошарката и е досега највисокиот плејмејкер кој играл во НБА лигата со висина од 2.06 метри.Играше одлично неговата висина добро му помагаше за скоковите, неговите no-look пасови станаа хит меѓу навивачите на НБА лигата, неговите дуели против Лери станаа најгледаното нешто во НБА лигата.

Во 1982 повторно стигнува до титулата и повторно ја освојува наградата за МВП.Во финалето повторно се срушени Сиксерси предводени од Мозес Малоун и Џулиус Ервинг познат и како Доктор Џеј.Резултатот беше 4-2.

Меџик одлично се вкопли во системот и играта на Пет Рајли, брза напаѓачка игра со контри, цврста одбрана.

По пауза од две години Лејкерси повторно стигнуваат до титулата и ги победуваат Бирдовите Селтикси во големото финале во 6 натпревари, но овој пат Меџик не  е МВП на финалето.По малку и изненадувачки Карем Абдул е избран за МВП.

Во 1987 година Меџик стигна до првата своја награда за МВП титулата на сезоната бележејќи 22 поени, 12 асистенции и 8 скока по натпревар.Таа година исто така Лејкерси стигнаа до финалето и ја освоиа титулата, а Меџик наградата за МВП си ја враќа во своите ветрини.Повторно се срушени Селтикси во 6 натпревари.

Меџик го повтори истиот успех и во 1988 година земајќи ја повторно наградата за МВП на сезоната бележејќи 19 поени, 11 асистенции и 8 скока по натпревар.Лејкерси играат ново финале и ја освојуваат титулата победувајќи ги “Бед Бојси“ - Пистонси во 7 натпревари.Клучен играч и МВП беше Џејмс Ворти.

Меџик наградата за МВП на сезоната за трет и последен пат ја освојува во 1990 година, а исто така на Ол Старот одигра животен натпревар и му беше доделена наградата за МВП на натпреварот.

Работите одеја добро се додека на медицинскиот преглед за сезоната 1991-92 не му беше откриен ХИВ вирусот на Меџик и на 7 ноември истата година објави дека се повлекува од кошаркарските терени поради заразеноста од вирусот и ветува дека до крајот на својот живот ке се бори против овој вирус.Таа година Меџик работеше како коментарор за НБЦ.

Покрај повлекувањето од кошарката Меџик беше избран како прв плејмејкер на Ол Стар натпреварот во Орландо и тој се согласи да го изигра.Одигра животен натпревар со 25 поени, 9 асистенции и 5 скока му докажа на светот дека сеуште ја има онаа незаборавна форма.
Истата година настапи и на Олимписките игри во Барселона со препознатливиот Дрим Тим кој изгази се пред себе и стигна до златото.Меџик уште еднаш и покрај болеста докажа дека е на врвно ниво.
По враќањето во САД малку затише неколку години се бореше против болеста која ја има и се пензионира.Во 1996 се враќа во Лејкерси и изигрува 36 натпревари за тимот.Интересно е што играше на позицијата на крилен центар и бележеше 14 поени, 7 асистенции и 6 скока во тие 36 изиграни натпревари.

Тогаш легендата дефинитивно се повлече од професионалната кошарка и ги остави фановите само да се сеќаваат на неговите прекрасни асистенции, пасови, поени, финти........


0 comments:

Post a Comment